За секои стекнати 400 поени членовите на Програмата добиваат право на вредносен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направенa сметка. За секој достигнат праг од реализирана продажба од 60.000,00 ден, членовите на Програмата добиваат право на дополнителен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направената сметка. Вредносните ваучери по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА (www. neptun.mk), можат да се искористат за купување на производи по било која цена. Вредносниот ваучер може да биде искористен само во периодот на неговата важност. Вредносните ваучери имаат рок на важност до 210 дена од датумот на издавање во зависност од нивото на членство во Програмата. (специфицирано во табелата од точка 8) Со секое издавање вредносен ваучер се одземаат 400 поени од сметката на членот на Програмата, на датумот на издавањето на вредносниот ваучер. Информација за издадените ваучери и за периодот на нивната важност членовите на Програмата добиваат по пат на е-пошта или по пат на СМСпорака на адресата на е-поштата, односно мобилниот телефонски број наведен на апликацијата за членство во Програмата. Вредносниот ваучер не може да се претвори во пари, ниту може да има третман на каков било паричен депозит, со исклучок на можноста за отстапување. Вредносните ваучери остануваат сопственост на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА до датумот на нивното искористување. Стекнатите вредносни ваучери преку уредно пополнета согласност од членот можат да бидат отстапени за сметка на СОС детско село