Известување за промена во условите за купување на смартфон со haPPy кредит

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека има промена во условите за купување на мобилен телефон преку haPPy кредит.

Од 12.06.2017 година, при секое купување на смартфон со haPPy кредит од неприматели на плата во НЛБ Банка АД Скопје, вредноста на купениот смартфон не може го надмине двојниот износ на платата наведена во потврдата за вработување и лични примања.

На пример, доколку на потврдата за вработување и лични примања е наведена плата од 20.000 ден, максималниот износ на купениот смартфон треба да е 40.000 денари.

Непримателите на плата во НЛБ Банка во следните 180 дена од купувањето на мобилен телефон со haPPy кредит не можат повторно да купат мобилен телефон со haPPy кредит. Ова е применливо и за сите оние кои купиле смартфон со haPPy кредит во период од 180 дена пред 12.06.2017.

Повеќе информации за happy кредит.