Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, НЕПТУН ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот.

Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на НЕПТУН, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на НЕПТУН HaPPy се од информативен карактер и за истите НЕПТУН го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р.Македонија, НЕПТУН не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Називот “НЕПТУН“ е трговски знак на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од НЕПТУН. НЕПТУН  ДОО Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “НЕПТУН“.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на НЕПТУН HaPPy е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на НЕПТУН HaPPy.