NEPTUN HAPPY е нашата програма за лојалност, која ја создадовме да инспирираме повеќе радост и задоволство со секое купување кај нас. Единствена од овој тип на пазарот, програмата NEPTUN HAPPY ви овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции: наградни поени, достава, промоции, поддршка, монтажа и многу други услуги.

ЧЛЕНСТВО

Можете да станете член на NEPTUN HAPPY програмата на многу брз и едноставен  начин. Доволно е да имате наполнето 18 години и да аплицирате за NEPTUN HAPPY картичка во продавниците на Нептун .

При издавање на NEPTUN HAPPY картичката НЕПТУН МАКЕДОНИЈА наплатува еднократен надомест од 299 денари.

НИВОА НА ПРОГРАМАТА

NEPTUN HAPPY има три нивоа на членство:

Со право да станете член во повисоките нивоа на Програмата се стекнувате доколку во текот на една година направите вкупен промет во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА во вредност од 75,000 денари (NEPTUN HAPPY Comfort), односно 175,000 денари (NEPTUN HAPPY Premium) во текот на една календарска година. Со преоѓање во повисоко ниво на членство во Програмата се стекнувате со право на повисоки погодности и бенефиции.

ПОГОДНОСТИ И БЕНЕФИЦИИ

Награди / Бенефиции

Neptun Happy

Neptun Happy Comfort

Neptun Happy Premium

Поени

Мкд1=2 Поени

10% бонус Поени

25% бонус поени

Вредносен Ваучер

60.000 Поени=Мкд 900,00

Испорака

-

Бесплатно Комфорт ниво на испорака

Бесплатно Премиум ниво на испорака

Политика на враќање и замени

**

30 дена

60 дена

Пристап до посебни понуди, настани и презентации

Да

Да, Comfort пристап

Да, Premium пристап

Поддршка

Да

Да

Да

* Во случај на враќање, односно замена на производот треба да бидат исполнети следните услови:
- да биде приложена фискалната сметка за купениот производ;
- производот да биде вратен во оригиналното пакување;
- производот да биде во состојба во која бил купен без видливи оштетувања;
- да бидат вратени сите додатоци, пропратни и потрошни делови и целокупната документација кои се   наоѓале во оригиналното пакување на производот.
** Согласно со правилата и условите за членство во програмата и прописите применливи во РМ.

СОБИРАЊЕ ПОЕНИ

Доволно е на наплатниот пулт да ја приложите NEPTUN HAPPY  картичката за да го евидентирате купувањето и да соберете NEPTUN HAPPY поени.
За секој 1 денар добивате 2 поени во првото ниво, 2,2 поени за второто и 2,5 поени за третото ниво од програмата.
Освен ако не е назначено поинаку, поените се собираат со секое купување на производи. Ве молиме при секое купување да ја презентирате вашата картичка како би можеле да ви го евидентираме купувањето, што ќе ви овозможи побрзо да се квалификувате за повисоките нивоа во Програмата.

ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ПОЕНИ

Поените ќе бидат евидентирани на вашата сметка најмногу за 24 часа од купувањето. Поените можете да ги искористите 15 дена по купувањето. Информација за бројот на собрани поени во Програмата можете да добиете во секое време во кое било продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или со најавување на нашата интернет страница со вашето корисничко име и лозинка.
Доколку од кои било причини одлучите да го вратите купениот производ, доделените поени од купопродажната трансакција ќе бидат сторнирани од вашата сметка.

КОРИСТЕЊЕ НА ПОЕНИ

Собраните поени по автоматизам ви се конвертираат во вредносен ваучер кога ќе соберете 60.000 поени и се бришат од вашата сметка за лојалност. Вредносниот ваучер има номинална вредност од 900,00 денари и рок на важност од 180 дена од датумот на нивното креирање. Доколку не ги искористите во овој временски период, истите ја губат својата важност.

КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРИ

Вредносниот ваучер по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје (www.neptun.mk), не можат да се искористат за купување на производи за кои важи било каков попуст на малопродажната цена. Вредносните ваучери се валидни само во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и не можат да се искористат за купување преку електронска продажба. Вредносните ваучери не можат да се заманат за пари или други средства за плаќање. HaPPy вредноснит ваучери можат да се искористат за плаќање до максимум 50% (педесет проценти) од вкупната вредност на производ/ите според фискална сметка. Односно, со haPPy вредносниот ваучер не може да биде исплатен 100% износот од фискалната сметката.

ЗАМЕНА НА КАРТИЧКА

Доколку ја изгубите вашата NEPTUN HAPPYкартичка за лојалност или истата ви биде украдена, ве молиме истото веднаш да го пријавите на еден од контакт деталите наведени во правилата и условите за членство во Програмата или на било кое продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА. На ваше барање НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ќе ви издаде нова картичка за лојалност која ќе ги наследи сите права стекнати во Програмата. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ги наплати трошоците за издавањето на новата картичка за лојалност.  

ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Членството во програмата можете да го откажете во кое било време со поднесување на апликација за откажување на членство во Програмата. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата на вашата сметка за членство во Програмата има помалку од 60,000 поени, истите ја губат својата важност.

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото повремено да објавува промотивни периоди во кои членството во програмата ќе биде бесплатно или ќе биде поврзано со купување на производи над одредена вредност на нашите продажни места. Со зачленувањето во Програмата вие добивате картичка за лојалност, која е ваше средство за идентификација за потребите на Програмата.