Помош за нашите нови членови

Не можам да се најавам на Happy вебсајтот, се појавува известување дека не постои корисничкото име?

Корисничките профили се креираат во рок од 24 часа по подигање на картичката од нашите продавници. Откако ќе биде креиран корисничкиот профил, ќе да можете да се најавите.

Ако и по 24 часа не можете да се најавите, внимавајте при внесувањето на Вашето корисничко име (е-мејл адресата) да користите исклучиво мали букви!

Не можам да се регистрирам на Happy вебсајтот?

Дали подигнавте Happy картичка од нашите продавници?
Веб профилите за Happy вебсајтот се креираат во рок од 24 часа откако ќе биде подигната картичката.

Дали е потребно да имам посебен профил за да можам да се најавам и да аплицирам за Happy картичка?

Аплицирањето за картичка можете да го направите лично во некоја од нашите продавници.

Имам веќе постоечки профил на www.neptun.mk но не можам да се најавам на Happy вебсајтот?

Нептун Happy клубот има посебен вебсајт со посебна база на корисници.
Веб профилите за Happy вебсајтот се креираат во рок од 24 часа откако ќе биде подигната картичката.
Вашиот профил на www.neptun.mk е целосно независен и не се користи за потребите на Neptun Happy клубот.

Неколку пати ја згрешив лозинката, како да се најавам сега?

Корисничките профили се креираат во рок од 24 часа по подигање на картичката од нашите продавници.
Ве молиме проверете го Вашиот inbox за порака со нова лозинка.
Ако не сте добиле таква порака, значи профилот сеуште не ви бил креиран и не ви е ресетирана лозинката, обидете се повторно да се најавите со првата лозинка за Happy вебсајтот која ја добивте.
Ако добивте порака за ресетирана лозинка во Вашиот inbox, повелете најавете се со новата лозинка.

Како да си ја ресетирам лозинката

Ако се најавите погрешно еднаш, на формата за најава ќе Ви биде дадена опција (линк) за ресетирање на заборавена лозинка. Ако се најавите погрешно 3 пати, системот автоматски ќе Ви ја ресетира лозинката и ќе Ви ја прати на маил.

Назад на главна страница