ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ NEPTUN HAPPY НА НЕПТУН МАКЕДОНИЈА

1. Вовед

1.1. Правилата и условите (во натамошниот текст Правила) за членство во NEPTUN HAPPY програмата за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст Програмата) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања кои произлегуваат од членството во Програмата. Правилата заедно со било кои други применливи услови и правила поврзани со било кои промотивни понуди кои можат да бидат испратени до членовите на Програмата, претставуваат договор помеѓу членот на Програмата и НЕПТУН МАКЕДОНИЈА. Со зачленување во Програмата, и нејзино континуирано користење, членовите ги прифаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk и на интернет порталот на Програмата www.neptun.mk/happy.

1.2. Со зачленување во Програмата, членовите на Програмата се стекнуваат со NEPTUN HAPPY картичка која претставува потврда за членство во Програмата. Членовите на Програмата за да ги стекнат правата и бенефициите од Програмата при купување на продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА треба да ја презентраат NEPTUN HAPPY картичката.

1.3. Правилата и условите за членство во Програмата се јавно достапни и во секој момент можат да се видат на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk и на интернет порталот на Програмата www.neptun.mk/happy.

2. Дефиниции:

2.1. “Правила и услови” значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и членот на програмата за лојалност;

2.2. “NEPTUN HAPPY програма за лојалност” значи програма за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје преку која членовите на програмата за лојалност со купување на производи на продажните места се стекнуваат со поени, вредносни ваучери и ексклузивни бенефиции согласно правилата и условите за членство во програмата за лојалнсот;

2.3. “НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје” е правно лице кое е основано и работи во согласност со законите во Република Македонија со седиште на ул. Качанички Пат бр. 56, Бутел , 1000 Скопје;

2.4. “NEPTUN HAPPY картичка” значи картичка која е поврзана со сметката на членот на програмата за лојалност на која се евидентираат купувањата на членот на програмата за лојалност, стекнатите поени, доделените и реализираните вреносни ваучери;

2.5. “Интернет портал на програмата за лојалност” е посебно дизајнирана интернет страница www.neptun.mk/happy на која може да се најават членовите на програмата и да добијат информации за извршените купувања, стекнатите поени и вредносни ваучери, како и информации за било какви промотивни понуди или други понуди кои се однесуваат на членовите на програмата за лојалност;

2.6. “Член на програмата за лојалност” значи физичко лице кое ги прифатило правилата и условите за членство во програмата за лојалност и дало соодветнa изјава за согласност за користење на своите лични податоци на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА;

2.7. “Поен” значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и условите на програмата за лојалност;

2.8. “Вредносен ваучер” значи вредносен сертификат со кој се стекнуваат членовите на програмата за лојалност по кумулирање на соодветен број на поени, во согласност со правилата и условите за членство во програмата за лојалност;

3. Услови за членство:

3.1. Член во Програмата може да стане секоe полнолетно физичко лице;

3.2. Адресата на е-пошта и мобилниот телефонски број наведени во апликацијата за членство во Програмата мора да бидат точни и валидни. Доколку членот на Програмата направи било какви измени во адресата на е-пошта, мобилниот телефонски број или во другите адресни податоци истото треба да го пријави во било кое продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА со цел неговите податоци да бидат ажурирани во согласност со применливите прописи;

3.3. За членството во Програмата, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА наплаќа еднократен паричен надомест согласно Ценовникот на друштвото. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ја менува цената за зачленување во Програмата, како и правото на организирање на промотивни периоди во кои ќе одобрува попусти и промоции или ќе се организира бесплатно зачленување во Програмата;

3.4. Зачленувањето во Програмата се врши во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА со пополнување на Апликација за членство и Изјава за согласност за користење на лични податоци и издавање на NEPTUN HAPPY картичка;

4. Стекнување на поени:

4.1. Со зачленување во Програмата членовите се стекнуваат со право да стекнуваат поени при купување во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА согласно овие Правила.

4.2. Членовите на Програмата, стекнуваат право да добијат 2 поени за секој 1,00 денар потрошен во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА за купувања на производи кои се квалификуваат за стекнување на поени. Поените ќе бидат евидентирани на сметката за членство во Програмата на датумот на купување на производот/ите, а ќе се сметаат за валидни на 16-тиот ден од датумот на купопродажната трансакција.

4.3. Купопродажни трансакции кои се квалификуваат за стекнување на поени се сите купувања, со исклучок на купување на НЕПТУН ПОКЛОН ВАУЧЕРИ и производи за кои: е одобрен попуст на истакнатата малопродажна цена, производи или пакети кои се на промоција и производи кои се на ликвидација.

4.4. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото повремено да организира промотивни периоди во кои ќе доделува поени и на купопродажни трансакции поврзани за производи за кои: е одобрен попуст на истакнатата малопродажна цена, производи или пакети кои се на промоција и производи кои се на ликвидација.

4.5. Информациите за промотивните периоди ќе бидат објавени на интернет страницата на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk, како и на интернет порталот на Програмата www.neptun.mk/happy.

4.6. Купувањата кои не се квалификуваат за стекнување на поени се евидентираат на сметката на членот на Програмата, доколку при купувањето биде презентирана NEPTUN HAPPY картичката, и се пресметуваат во потребниот обем на купување за стекнување на напредно членство во Програмата, согласно овие Правила.

5. Искористување на поени:

5.1. За секои стекнати 60.000 валидни поени членовите на Програмата добиваат право на вредносен ваучер во износ од 900,00 денари што може да се искористи како попуст на производи до максимум 50% од вредноста на направената сметка. Вредносните ваучери по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА (www.neptun.mk), не можат да се искористат за производи за кои во важност е било каков тип на попуст на малопродажната цена.

5.2. Вредносниот ваучер може да биде искористен само во периодот на неговата важност. Вредносните ваучери имаат рок на важност од 180 денови од датумот на издавање.

5.3. Со секое издавање на вредносен ваучер 60.000 поени се намалуваат, од сметка на членот на Програмата, на датумот на издавање на вредносниот ваучер.

5.4. Информација за издадените ваучери и периодот на нивната важност членовите на Програмата добиваат по пат на е-пошта или по пат на SMS порака на адресата на е-пошта, односно мобилниот телефонски број наведен на апликацијата за членство во Програмата.

5.5. Вредносниот ваучер неможе да се претвори во пари, ниту може да има третман на било каков паричен депозит.

5.6. Вредносните ваучери остануваат сопственост на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА до датумот на нивно искористување.

6. Сторнирање на доделени поени и вредносни ваучери

6.1. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување биле доделени поени истите ќе бидат сторнирани, односно ќе се третираат како невалидни.

6.2. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување му бил одобрен попуст, врз основа на искористен вредносен ваучер, искористениот вредносен ваучер останува во важност се до датумот на неговиот оригинален рок на важност.

6.3. Во случаите во кои врз основа на искористен вредносен ваучер бил одобрен попуст на повеќе од еден производ, при враќање на дел од производите во согласност со законските прописи, искористениот ваучер ја губи својата важности, односно станува невалиден.

7. Напредно членство во Програмата

7.1. Со купување на производи во вкупна вредност од 75,000 денари во текот на една календарска година членовите на Програмата се стекнуваат со право на NEPTUN HAPPY Comfort-членство во Програмата. NEPTUN HAPPY Comfort-членoвите на Програмата се стекнуваат со право да добијат 2.2 поени (2 поени плус 10% бонус поени) за секој 1,00 денар потрошен во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА при секое купување кое се квалификува за стекнување на поени.

7.2. Статусот NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата ќе отпочне на 16-тиот ден од датумот на исполнување на условите за NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата. Статусот на NEPTUN HAPPY Comfort-член во Програмата важи во период од една календарска година од датумот на исполнување на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Comfort , членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 75,000 денари во текот на една календарска година од датумот на стекнување со NEPTUN HAPPY Comfort-членство во Програмата, во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY.

7.3. Со купување на производи во вкупна вредност од 175,000 денари во текот на една календарска година членовите на Програмата се стекнуваат со право на NEPTUN HAPPY Premium-членство во Програмата. NEPTUN HAPPY Premium-членoвите на Програмата се стекнуваат со право да добијат 2.5 поени (2 поени плус 25% бонус поени) за секој 1,00 денар потрошен во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА при секое купување кое се квалификува за стекнување на поени.

7.4. Статусот NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата ќе отпочне на 16-тиот ден од датумот на исполнување на условите за NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата. Статусот на NEPTUN HAPPY Premium-член во Програмата важи во период од една календарска година од датумот на исполнување на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Premium, членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 175,000 денари во текот на една календарска година од датумот на стекнување со NEPTUN HAPPY Premium-членство во Програмата, во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY.

8. Останати погодности и бенефиции во Програмата

Награди / Бенефиции

Neptun Happy

Neptun Happy Comfort

Neptun Happy Premium

Поени

Мкд1=2 Поени

10% бонус Поени

25% бонус поени

Вредносен Ваучер

60.000 Поени=Мкд 900,00

Испорака

-

Бесплатно Комфорт ниво на испорака

Бесплатно Премиум ниво на испорака

Политика на враќање и замени

**

30 дена

60 дена

Пристап до посебни понуди, настани и презентации

Да

Да, Comfort пристап

Да, Premium пристап

Поддршка

Да

Да

Да

* Во случај на враќање, односно замена на производот треба да бидат исполнети следните услови:

• да биде приложена фискалната сметка за купениот производ;

• прозиводот да биде вратен во оригиналното пакување;

• производот да биде во состојба во која бил купен без видливи оштетувања;

• да бидат вратени сите додатоци, пропратни и потрошни делови и целокупната документација кои се наоѓале во оригиналното пакување на производот.

** Согласно со правилата и условите за членство во програмата и прописите применливи во РМ.

9. Ограничувања:

9.1. Стекнатите поени и вредносни ваучери не се преносливи и може да ги користи само членот на Програмата кој ги стекнал.

9.2. НEПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да не додели поени или да не издаде вредносен ваучер во случаите кога ќе утврди дека се повредни правилата и условите на Програмата или било кој друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Програмата.

9.3. Исто така, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да го одбие секое идно барање за членство во оваа или било која друга програма за лојаност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА на лице за кое било утврдено дека направило измама или на друг начин ги повредило или злоупотребило правилата и условите за членство во Програмата.

10. Откажување на членство:

10.1. Членството во Програмата може да се откаже во било кое време со поднесување на Апликација за откажување на членство во Програмата. Со откажување на членството во Програмата NEPTUN HAPPY картичката ќе биде деактивирана.

10.2. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата, членот на Програмата има неискористени вреносни ваучери истите може да се искористи пред откажување на членството и деактивирање на NEPTUN HAPPY картичката.

10.3. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата, членот на Програмата има помалку од 60.000 поени истите ја губат својата важност.

11. Политика за приватност и заштита на личните податоци

11.1. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно интерните правила на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Македонија.

11.2. Со прифаќање на условите на Програмата членовите на Програмата се согласуваат НЕПТУН МАКЕДОНИЈА да ги користи нивните лични податоци за директен (SMS и/или е-mail) маркетинг, или со цел да врши проверка или верификација во бази на податоци или кредитни бироа или регистри во согласност со законите во Република Македонија.

11.3. Со прифаќање на овие Правила членот на Програмата се согласува нивните лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Македонија и интерните правила на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА.

12. Детали за комуникација

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ Адреса: Качанички пат бр.56, Бутел, 1000 Скопје
Тел (инфо): +389(0)2 55 14 777
Поштенски фах: 1104
Интернет страница: www.neptun.mk
Интернет портал на Програмата: www.neptun.mk/happy
Aдреса на е-пошта: happy@neptun.mk

13. Ограничување на одговорност

Како дополнување на ограничувањата дадени во Правилата, во ниту еден случај НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, ниту лицата вработени во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ќе сносат било каква одговорност за било какви дирекни, индиректни, посебни, инцидентни, последователни или кумулативни штети или било какви други штети кои произлегуваат од или се поврзани со Програмата. Овие исклучоци и ограничувања ќе се применуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе бидат во важност и во периодот по откажување или прекинување на членстовото во Програмата.

14. Преодни одредби

На вредносните ваучери и на акумулираните поени за кои сеуште не е доделен вредносен ваучер ќе се применуваат новите правила за вредност на поени и формирање на вредносни ваучери.

15. Надлежен суд

Во случај на спор надлежен е Основниот Суд Скопје 2 Скопје.