За Нептун

За Нептун

Добредојдовте на веб-страната на Нептун.

Се надеваме дека таа ќе стане место кое секојдневно ќе го посетувате и каде ќе можете да ги најдете потребните производи и информации. Ние пак, ќе се потрудиме преку постојаното ажурирање со нови производи и акции да го оправдаме времето кое ни го посветувате.
Срдечен поздрав,

Ваш Нептун

За оние кои сакаат малку повеќе да нé запознаат...

Историјат

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година која станува дел од Нептун Интернешнал во 1999 година. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, смартфони, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење и греење.

Првата продавница на Нептун е отворена во 1998 година во градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, од тогаш мрежата интензивно се шири, се отвораат продавниците во Скопскиот стадион, во Гостивар и Тетово во 2006 година. Во 2007-та Нептун продолжува да ги доближува своите услуги до другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово, во 2008 година отворајќи продавници во Струга, Прилеп и Битола и во 2009 година во Штип, Струмица и Кочани. 2007-та година е значајна и по започнувањето на експанзијата на мрежата Нептун на Косовскиот пазар. Во 2013 година се отворија продавниците на Нептун во Кавадарци и Гевгелија. Во 2014 година се отвори продавницата на Нептун во Велес, додека во 2016 се отворија продавниците во Крива Паланка, Ресен, Чаир, Неготино и Свети Николе.

Малопродажната мрежа на Нептун веќе 19 години е присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

Со цел постојано да биде во тек со движењата на пазарот, во 2009 година, Нептун се ребрендираше, притоа напуштајќи го стариот концепт и лого на работа, модернизирајќи го целокупниот изглед.

Во однос на брендовите кои ги застапува и продава, хронологијата го вели следново: Нептун станува официјален застапник за  Филипс во 1998 година, ексклузивен дистрибутер за ЛГ во 1999 година, официјален застапник за Сони во 2000 и ексклузивен дистрибутер за Беко во 2004.
Со сите брендови во своето портфолио, без разлика  дали станува збор за БекоЛГСамсунгСониФилипсПанасоникТефалРовентаМулинексЕлектролуксАристонЗануси или Фуего, Нептун станува веќе значаен и незаобиколлив дел на пазарот за техничка опрема во Македонија и регионот.

 

Мисија, визија и вредности

За да истраеме во годините што следат се трудиме да гледаме напред, да ги следиме трендовите и да ги разбереме силите кои понатаму ќе го обликуваат нашиот бизнис. Поставувајќи нови "дестинации" во бизнисот, ова се мапите кои ќе ни помогнат да стигнеме до нив.

Мисија

Да биде работна средина која се посакува.
На клиентите секогаш да им се нуди најбогатото портфолио на продукти.
Да ги сочува старите и да гради нови партнерства со клиентите и брендовите кои ги застапува.
Да биде ефикасна, флексибилна и брзо-растечка компанија.

Визија

Да ги задоволи потребите и барањата на клиентите.
Да создава вредности и притоа да се разликува.

Вредности

Услуга: почит и обврска кон клиентот.
Страст: со разум и срце кон брендовите и производите.
Квалитет: за да се најде соодветеното решение за секој клиент.