Еко акција – пријави отпад и заштеди

Еко акција на Нептун и ЕЕС – Пријави и заштеди!

Заштитете ја животната средина и соодветно отстранете го електричниот отпад кој не го користите. Доколку имате стар електричен уред кој не го користите, не го оставајте како несортиран комунален отпад, бидејќи е забрането со закон и казната е глоба од 60 евра. Пријавете го во Нептун и ние ќе го отстраниме од вашиот дом, за возврат ќе добиете ваучер за купување на нов производ во Нептун. Подолу се наоѓа износот на ваучерот кој ќе го добиете за отстранување на габаритен или негабаритен отпад.

Временската важност на ваучерите е неограничена. Ваучерите не можат да се заменат за пари. Ваучерите не можат да се заменат за пари. Ваучерите можат да се искористат и за купување по haPPy цена.

Габаритниот отпад може да се преземе од првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда). Негабаритениот отпад не се презема од домот, туку треба да се достави до најблиската Нептун продавница.


На листата подолу разгледајте кои производи спаѓаат во габаритен, а кои во негабаритен отпад:

 

Кога нема да се преземе габаритниот отпад

1. Доколку производот не е комплетен односно не ги содржи сите или приближно сите делови. Во случаи кога се работи само за школки од производ без внатрешната содржина на производот (механика и/или електроника) истиот нема да се превземе.
2. Кога производот има надворешно оштетување кое го прави непогоден за складирање и/или за манипулација и може да доведе до ризик од повредување на вработените при манипулација со истиот. Овие производи нема да бидат преземени доколку сопственикот не ги санира таквите оштетувања пред уредот да биде преземен од страна на овластени вработени на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА;
3. Доколку уредите (телевизори и монитори) имаат оштетувања во смисла на скршени екрани или панели кои можат да доведат до истекување на штетни материи при транспорт или манипулација со истите исто така нема да се преземаат бидејки манипулацијата со истите може да доведе до истекување на штетни материи во околината.

Пријавете го отпадот во најблиската Нептун продавница, или преку онлајн апликација и почекајте нашите оператори да ве контактираат и да договорат термин за отстранување на габаритниот отпад. Ваучерот го добивате во моментот на предавање на отпадот.

 

Пријави отпад