НЕПТУН Е „BEST BUY“ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Корисниците го одбраа Нептун како број еден ланец на продавници со највисока оценка за најдобар сооднос на цената и квалитетот во категоријата продавници за бела техника и апарати за домаќинство во Македонија.
Ова го покажува првото истражување за наградата „Best Buy Award“ кое беше спроведено во текот на месец февруари 2015, врз репрезентативен примерок на испитаници од Македонија, постари од 15 години. Истражувањето го спроведе швајцарската организација ICERTIAS, која го мери исклучиво искуството на испитаниците и нивното задоволство во однос на цената и квалитетот на производите и услугите кои продажните ланци ги нудат на пазарот.
Како дел од истражувањето за наградата Best Buy Award, од испитаниците е побарано да одговорат што според нив претставува најдобар однос помеѓу цената и квалитетот – најдобра вредност за нивните пари – според своето лично искуство за производи или услуги во определена категорија на македонскиот пазар.

Прашањата во истражувањето за наградата Best Buy Award беа од отворен тип, односно на испитаниците не им се нудеа повеќе одговори од кои можеа да изберат. Тие сами ги наведуваа имињата на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот.
Главната мисија на истражувањето е да се добие увид во искуството на корисниците и перцепцијата за производите и услугите кои се смета дека даваат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот (најдобра зделка) од самите корисници. Односно да се поедностави барањето на на најдобрите производи и услуги по најповолна цена, на локалниот и меѓународниот пазар.