Нептун Аеродром со признание за најдобар трговски објект од Град Скопје

Продавницата на Нептун во Аеродром, на 21.12.2016 година доби втора награда за Најдобар трговски објект за 2016 година, во категоријата Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома. Оваа награда традиционално ја доделува Град Скопје во соработка со SWOT Research и се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.

Истражувањата на проектот „Месец на трговијата” се спроведоа во текот на месец ноември, каде тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.