Lenovo Yoga book

Новиот Lenovo Yoga book во Нептун

Мобилната продуктивност со новиот Yoga Book од Lenovo навлегува во една нова ера, 2-во 1 таблет како што до сега немате видено. Изготвувајте белешки или пак цртајте со пенкалцето со вистинско мастило. Пишувајте со Halo тастатурата која ќе се појави секогаш кога ќе ви притреба – и ќе ја снема кога повеќе нема да ви треба. Завршете ги вашите работи со помош на нашата приспособена верзија на Android кој ви овозможува да бидете продуктивни како никогаш до сега. Тенок, лесен и елегантен, Yoga Book ја ослободува вашата имагинација – кога било, каде било

 

Note Saver и Real Pen Stylus со Real Ink – Нов и природен начин да се изготвуваат белешки.

Пишувајте со мастило на хартија со помош на Real Pen и дозволете Yoga Book совршено да ги дигитализира вашите белешки. Уредувајте, организирајте, спојувајте и споделувајте белешки за само една секунда. Користете го вклучениот држач за хартија од Book Pad за да ги дигитализирате вашите документи и лесно да ги чувате на едно место. Направете го тоа со користење на апликацијата NoteSaver од Lenovo со помош на која можете да го користете вашиот Yoga Book како паметна подлога за пишување—расклопен нанадвор за користење на најприроден начин за изготвување белешки.

Никогаш нема да загубите ниту една ваша идеја или инспирација

Halo тастатурата на барање со физички повратен ефект – Ја прави сериозната работа многу лесна

Кога сакате да завршете одредена сериозна работа, единствено отворете го Yoga Book во режим на машина за пишување и со помош на Halo тастатурата која е многу лесна за користење ќе можете да пишувате се што сакате. Софтверски оптимизираната тастатура врши автоматско комплетирање и врши автоматска корекција—со тоа овозможувајќи ви брза и прецизна работа.

Користете го Real Pen за да цртате како вистински професионалец.

Секогаш кога ќе добиете инспирација, Yoga Book е тука за вас.
Create Pad и Real Pen ви ја овозможуваат прецизноста и контролата која ја очекувате од традиционалното пенкало на хартија
Цртајте со вклученото Real Pen кое открива и до 2048 нивоа на притисок—притоа фаќајќи ги сите суптилни нијанси на притисок од секое движење. Нема причина да се грижите за батериите, Real Pen функционира без да биде потребно полнење. А, најдобро од се е тоа што можете да ги видите вашите креации како оживуваат на диспејот.

Тенок, лесен со целодневно траење на батеријата – Дајте и слобода на вашата имагинација, каде и да сте

Дебелина од 4,55 mm кога ќе се отвори, тежина од само 690 g и до 12 часа користење со едно единствено полнење– Yoga Book ви дозволува да ја користите вашата креативност каде и да се наоѓате. Дизајнот на прекрасниот изглед е изработен од првокласна висококвалитетна легура од алуминиум (Al) и магнезиум (Mg). Yoga Book може да се добие во две нијанси на бои и тоа темна сива и шампањ златна нијанса.
Очекувајте да бидете забележани кога ќе го распакувате вашиот Yoga Book

BOOK UI без напор извршувајте повеќе задачи истовремено на Android

Извршување повеќе задачи истовремено на Android? Успеавме во тоа. Извршувајте одеднаш повеќебројни апликации, бидете организирани со помош на лентата со задачи, повлечете па спуштете текст од една апликација во друга
Со оптимизираната поддршка за вградениот TrackPad и Halo тастатура, користењето на Android сега е без никаков напор, баш така како што до сега сте сакале. Зголемете ја вашата продуктивност – ќе бидете зачудени се што можете да постигнете со помош на овој уред

Изберете режим кој ќе ги исполни вашите потреби.

Со шарка која се отвора 360º, за да се совпадне со вашиот начин на живот, Yoga Book може да се користи во 4 режими: поставен рамно во режим на креирање за изготвување белешки и цртање, во режим на прегледување како компактен таблет од 10,1”, во режим на гледање за забава и во режим на машина за пишување со кој таблетот се претвора во продуктивен лаптоп.

Уживајте во звукот и видеото со квалитет како во кино.

Не само што Yoga Book е одличен за креирање, исто така е одличен и за гледање. Со пристап до Google Play и до вашите омилени апликации за Anroid, овој 2-in-1 таблет има светол Full-HD дисплеј од 10,1”, а додека Dolby Atmos® звучниците ви овозможуваат извонреден звук кој звучи како во кино—поставувајќи ве во средина од случувањата.
Релаксирајте се и уживајте во маратонско гледање

Набрзина поминете го вашиот ден со исклучително брзото процесирање.

Intel® Atom™ ви овозможува напредна технологија и можности за процесирање спакувани во ултратенок и лесен чип кој е повеќе енергетски ефикасен—совршен за користење мобилни уреди додека сте на пат.