Ideapad 510

Ideapad 510
Домашна забава. Моќна работна станица

Домашен центар за забава кога сакате, а пак моќна работна станица кога ви треба. Лаптопот Ideapad 510 (15”) од Lenovo е придвижуван од наредната генерација на процесори и доставува импресивна аудио јасност, како и исклучителна слика со висока дефиниција. Овој уред претставува совршен придружник за работење и играње.

Чиста и јасна слика

Кога станува збир за одлични дисплеи, Lenovo Ideapad 510 (15”) никогаш нема да ве разочара. Истиот е достапен со опционален Full HD IPS (1920 x 1080) екран со големина од 15,6 инчи. Гледајте ги вашите игри со висока резолуција, релаксирајте се и уживајте во филм или воспоставете видео разговор–510 ја има сета виталност која ќе ви биде потребна.

 

Приспособливи перформанси

Со Ideapad 510 можете да го изградите вашиот лаптоп со помош на разновидните конфигурации кои нема да го оптоварат вашиот буџет. Опремен со опционална дискретна графика дури до NVIDIA® GeForce 940MX 4G, Ideapad 510 е подготвен за неверојатни мултимедијални искуства, уредување на видео и високи перформанси за игри.

 

Најнов тип на меморија

510 ја има сета технологија за меморија која некогаш ќе ви затреба. Со вграден DDR4 чип–најнова генерација на RAM–овој уред нуди повисоки перформанси, помала потрошувачка на енергија и зголемена доверливост, правејќи го исклучително добро мултимедијално powerhouse / куќиште.

Брзо, процесирање со брзо реагирање

Новиот стандард за компјутерски перформанси пристигна дури до Intel® 6th Gen Core™ процесорите. Ова неверојатно семејство на брзи процесори полни со карактеристики со вградена сигурност е подготвено да ја однесе вашата продуктивност, креативност и 3D играње на следното ниво. Освен тоа, со вклучување на возбудливите Windows 10 карактеристики,Intel® процесорите ви даваат моќ да ја ослободите имагинацијата и да ги истражите можностите.

 

Аудио од Harman®

Зголемете ја гласноста и уживајте во музиката и аудиото од филмовите кои се без конкуренција. 510 е опремен со два звучници, потврдени од Harman Audio, и кои доставуваат, почист и појасен квалитет на звук.

Windows 10 Home

Со комбинирање на деловите од Windows кои веќе ги знаете, Windows 10 има многу подобрувања што ќе ги засакате. Од брзото стартување до зголеменото Start мени, како и целосно новиот прегледувач на Cortana—единствено ваш личен дигитален асистент. Сега, дури и низ повеќебројни уреди, ќе можете да завршите повеќе работи и тоа побрзо и полесно.

Сигурност кога е најважна

510 е во целост компатибилен со Kensington MiniSaver бравата со кабел од Lenovo. Па така, без разлика дали се наоѓате во канцеларијата или сте надвор во околината, сега постои лесен начин да го заштитите вашиот лаптоп. Неговиот дизајн со стегање на копче, зацврстената глава за заклучување и патентираната технологија се комбинираат заедно за да се намали ризикот од кражба.

За преносливост во движење

Никогаш повеќе не носете тежок и незгоден лаптоп. Со дебелина од единствено 22,9 mm, видливо потенок од претходниот двојник и со тежина од единствено 2,2 kg, 510 е совршен за вашиот животен стил во движење. Достапен во абоносово црна и креда бела боја.