Отворање на Нептун во Трговски Центар Сарај

На 22 март 2017 година, Нептун - најголемата малопродажна мрежа за техника, ја отвори својата петта продавница во Скопје, со цел да биде уште подостапна за своите клиенти. Новиот продажен салон се простира на површина од 260 м2 и е лоциран во трговскиот центар Сарај, на први спрат.

 

Во продавницата на Нептун купувачите можат да најдат широк асортиман на производи од бела техника, телевизори, компјутери, смартфони, фото-апарати, апарати за лична нега и убавина и мали апарати за домаќинство, од сите достапни брендови во асортиманот на Нептун.


Малопродажната мрежа Нептун веќе 19 години е присутна на македонскиот пазар. Во моментов е застапена со 25 продажни места во 20 градови во Македонија.