5 причини зошто да купите машина за садови

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА КУПИТЕ МАШИНА ЗА САДОВИ

Машините за миење садови, често се сметаат за најпотрошен материјал од трите големи кујнски апарати. Чувањето и готвењето храната се од суштинско значење, но полесното чистење на валканите садови е погодност. Но погодноста е само една од причините зошто треба да поседувате машина за миење садови. Всушност има неколку бенефиции, а вие не треба да потрошите многу пари за да ги искористите. Дури и евтина, основна машина за миење садови може да направи многу за вас, освен миењето на садовите.

1. Машините за садови ЗАШТЕДУВААТ ВРЕМЕ

Времето потребно да се наполни машина за миење садови е многу помало во споредба со поединечно перење на секоја сад во машината.

Најдобра причина за купување на машина за садови е тоа што вие не морате да ги миете садовите!

Сериозно, што е подобро отколку да имате повеќе време да го направите она што сакате? Машината за миење садови ви дава повеќе време за други работи, да поминете време со пријателите и семејството, да прочитате некоја книга, да изгледате филм... да направите што сакате!

Времето што е потребно да се стават садовите во машина за миење садови и да се стисне на копчето Старт е многу помало во споредба со поединечно миење, плакнење и бришење на секоја чинија, чаша, вилушка и нож со рака.

Некои од машините за садови имаат и кратки циклуси на миење од само 30 минути, па доколку итно ви се потребни садовите, сите садови ќе бидат измиени за само половина час.

2. Машините за садови ЗАШТЕДУВААТ ПАРИ

Нормалниот циклус на миење на садови со машина за садови вообичаено троши околу 15 литри вода. Според агенцијата за заштита на околината на САД, повеќето чешми трошат околу 8,3 литри вода во минута. Па, освен ако не можете да ги измиете рачно сите садови за околу 2 минути, тогаш просечната машината за миење садови е многу поефикасна.

Една Европска студија направила споредба на трошоците за миењето на садови на раце наспроти миење во машина за садови и открила дека кога се мијат 12 сета на садови на рака се трошат околу 102 литри вода и 2,5 kWh струја, во споредба, кога овие садови се мијат со машина за садови се трошат само околу 15 литри вода и 1,5 kWh струја.

  Рачно миење на садови Миење со машина за садови
Потрошувачка на вода за 12 сета 102 литри 15 литри
Потрошувачка на струја за 12 сета 2,5 kWh 1.5 kWh

*вредностите се превземени од Европска студија

3. Машината за садови ја ШТИТИ ВАШАТА КОЖА

Постојаното миење на садови на рака ја прави кожата груба и сува или дури и испукана. Но, кога машината ја работи оваа работа, вие не само што си ја штитите кожа, туку и вашите раце.

Не треба да се грижите за чистење на тврдокорни дамки, машината ќе ги среди за вас.

Потоа, тука е и фактот дека е многу поверојатно да ви падне некој сад или нож за време на рачно миење на садовите, отколку при полнење / празнење на машината. Тоа не е само што ве изложува на повреда, туку може да доведе и до кршење скап или скапоцен сад.

4. Машините за садови прават ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Ова е нешто што рачно перење, едноставно, не може да го направи. Анти-бактерискиот детергент и напорната работа може само да оди толку далеку за вистински да ги отстраните бактерии кои предизвикуваат болести, ви треба повисока температура на миење. А само машините за миење садови можат да достигнат температура на миење садови кој ги уништува бактериите. Вашето лавабо и работна површина во кујната се совршени за размножување бактерии и болести. Но, дури и ако редовно ги дезинфицирате овие површини, доколку е некој болен, бактеријата од неговиот сад може да се префрли на останатите садови. Машината за садови става крај на ова со дезинфекција на високи температури.

5. Машината за садови ГО ОТСТРАНУВА НЕРЕДОТ

Отстранувањето на нередот од вашата кујна го прави просторот за живеење многу попријатен. Клучот за организацијата е да се има место за сè, а машина за миење садови е логичното место за нечисти садови.
Ова значи дека нема да имате валкани садови наредени во мијалникот, ниту пак да ви висат на решетката на сушење. Кога секој сад може да се складира во нешто, во машина за садови доколку е валкан, а во шкафчињата во кујната доколку е чист, целата кујна ќе изгледа многу поуредно и почисто.