Подароци во Нептун Македонија во соработка со НЛБ Банка

Во периодот од 3 до 7 Јули, по повод третиот роденден на haPPy картичката, Нептун Македонија реализираше промотивна акција за haPPy инстант кредитите. Во рамки на оваа промоција, во соработка со НЛБ Банка беше доделен 50.000 - тиот haPPy кредит.

Овој значителен број на одобрени haPPy инстант кредити беше одбележан со наградување на клиентката Славица Ѓоргиева од Кочани со НЛБ Mastercard кредитна картичка на износ од 300 еур.
На сите продажни места на Нептун Македонија, НЛБ Банка го нуди haPPy инстант кредитот. Аплицирањето се врши со минимална документација, а одобрувањето на haPPy кредитот е веднаш во продажниот салон на Нептун, со што клиентот веднаш може да ги подигне саканите производи. Овој продукт е наменет за сите кредитоспособни физички лица во редовен работен однос и пензионери.