Нептун Кичево на нова локација

На 21 август 2017, Нептун ја пресели својата продавница во Кичево, на нова, поголема локација на ул. Магистрален пат број 12 В, во новиот објект на магистралниот пат кон Охрид, на модерно уреден простор од 396 метри квадратни, со магацин од 40 метри квадратни.  

Во продавницата на Нептун купувачите можат да најдат широк асортиман на производи од бела техника, телевизори, смартфони, компјутери, фото-апарати, апарати за лична нега и убавина и мали апарати за домаќинство од широкиот асориман на брендови во Нептун.
Малопродажната мрежа Нептун веќе 19 години е присутна на македонскиот пазар, а во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија.