Запознајте ги Беко машините за сушење алишта

Официјален партнер на совршено исушените алишта

Барате брзо и флексибилно решение за сушење на алиштата? Се грижите за тоа како Вашата деликатна облека ќе реагира на сушењето во сушара? Би било иделано доколку можете да го изберете нивото на сушење кое Ви одговара? Со Беко сушарите можете да сметате и на повеќе от тоа – запознајте ги паметните технологии создадени да Ви овозможат најдобри резултати во сушењето.

Официјален партнер ... на омилените кошули

AquaWave® технологија

Вие и вашата омилена кошула сте поминале многу работи заедно и ставањето во машината за перење е секогаш тежок избор. Со помош на AquaWave® технологијата не морате да се грижите. Специјално дизајнираната шема на барабанот со помош на лопатки ги врти вашите алишта нежно како бранови, па вашите алишта лесно се вртат во барабанот. Вие и вашата омилена кошула ќе имате уште многу заеднички вечерни излегувања.

 

Официјален партнер...на совршено исушената облека

OptiSense® технологија

OptiSense® технологијата на Вашата Беко сушара го оптимизира циклусот на сушење па не мора да погодувате кога облеката ќе биде готова.
3 паметни сензори Ви овозможуваат да го изберете саканото ниво на сувост и да ја прекинете сушарата кога ќе се постигне тоа ниво.
Повеќе или помалку суво, Вашата желба е за нас заповед.

 

Auto програма

Оваа функција ги вади алиштата спремни за носење, бидејќи нежните движења на барабанот ги одвојуваат алиштата, со што тие не се гужваат.

Опција за заклучување

Опцијата за заклучување поради безбедност на децата може да се активира за да ги спречите да ги притискаат копчињата. Со активирањето на опцијата за заклучување спречувате какви било измени во веќе одбраната програма.

 

Програм за фармерки

Доколку и малку наликувате на нас, тогаш поради вашата целодневна канцелариска работа во бизнис костум, за време на викендот се претворате во љубител на фармерки и маици. Перењето на омилениот пар фармерки е досадно бидејќи морате со саати да чекате да се исушат. Во обичните машини за сушење алишта, подебелите ткаенини како тексасот потешко се сушат во нормалните циклуси за сушење. Беко има развиено посебен специјален програм за тексас кој го забрзува сушењето на подебелите ткаенини. Совршен е за сушење на алишта како фармерки или волнени работи, каде што облеката се суши подеднакво, па набрзо можете да ги облечете вашите фармерки и да се опуштите.