Нептун вработува – Контролор на партнерска сервисна мрежа

Tрговско друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737)

Поради проширување на активностите во Сервис Македонија, распишува оглас за вработување на:

Контролор на партнерска сервисна мрежа

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • • ССС;
  • • Познавање на карактеристиките и функционирањето на аудио/видео опрема, ИТ опрема и бела техника,
  • • Искуство со организирање и спроведување на пописи,
  • • Поседување на одлични вербални способности и вештини на ефективна комуникација со клиенти и партнери,
  • • Задолжително поседување на возачка дозвола „Б“ категорија,
  • • Подготвеност за патување одредени денови од неделата на територијата на Република Македонија,
  • • Основно познавање на работа со компјутер, MS Office (Word, Excel), Internet browser.

Одговорности и работни задачи:

  • • Комуникација и контрола на овластените сервисни центри со цел подобрување на квалитетот и намалување на времетраењето на извршувањето на услугите,
  • • Контрола и попис на сервисните центри на територијата на Скопје и Македонија,
  • • Асистирање и координација на транспортот на производи до и од сервисните центри, контрола на пропратната документација,
  • • Приготвување, архивирање, комплетирање и контролирање на текот на документацијата поврзана со сервисните активности и нивно проследување до надлежните сектори (финансии, логистика, магацин),
  • • Водење на детална евиденција во постоечкиот софтверски пакет, како и предлози за негово унапредување,
  • • Подготвување на тековни и периодични извештаи,
  • • Следење на отворените работни налози од страна на телефонските оператори и нивно пратење и проследување до сервисите, се до затварање на налогот,
  • • Справување со расходувани производи.

Бенефиции:

  • • Континуирана обука и можности за напредување,
  • • Основна нето плата во износ од 23.000 денари со можност за зголемување, зависно од искуството и квалитетот на работа.
  • • Работно време: 40 часа неделно

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, Ве молиме испратете ја Вашата кратка биографија на vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за Контролор на партнерска сервисна мрежа”, не подоцна од 08.12.2017..