Придобивки од прочистувачи, навлажнувачи и одвлажнувачи на воздух

Во последно време, загриженоста од загадувањето е главна тема на разговор. Но брзо ја забораваме и не правиме практично ништо околу тоа.

Нивото на загадување на воздухот во просторијата може да биде до три пати поголемо од она надвор

Ова е главно поради прашината, чадот од готвење, чадот од цигари, мртва кожа од луѓе или домашни миленичиња и слично.

Луѓето генерално поминуваат поголем дел од денот дома или на работното место, па поеќе треба да бидете загрижени за воздухот овде, отколку надвор.

Прочистувачите на воздухот го отстрануваат загадениот воздух во вашиот дом

Прочистувачот на воздухот е уред кој го отстранува загадувањето на воздухот во просторијата. Прашина, полен, миленичиња, спори на мувла и фецесот од прашина можат да дејствуваат како алергени, предизвикувајќи алергии кај чувствителни луѓе.

Прочистувачот ги отстранува овие честички, како и дел од бактериите, вирусите и штетните материи. Корисен е за луѓе кои патат од алергии и за астматичари, а воедно го намалување и чадот од цигари.

Дали прочистувачите на воздухот навистина работат?

Да, прочистувачите на воздух навистина работат. Само отворете го филтерот за да ги видите налепените честички на него. Без овој филтер, прашината би била во вашите бели дробови.

Ако купите прочистувач на воздух не можете веднаш да забележите разлика, но по континуирано користење од еден месец, ќе ја почувствувате разликата, особено ако прекинете да го користите.

Секој прочистувач има наведена површина на прочистување која ја покрива

Секој прочистувач на воздух доаѓа со одреден рејтинг за стапката на чист воздух (CADR). Затоа пред да купите прочистувач, треба да проверите колку м2 може да прочисти и да биде соодветен за вашата просторија.

Не е битно дали седите во близина на прочистувачот или не, доколку капацитетот е соодветен на вашиот простор, воздухот секаде ќе биде подеднакво прочистен.

Клима уредите не го прочистуваат воздухот

Клима уредите не го прочистуваат воздухот, бидејќи се неефикасни против прашина, полен и честички, всушност тие дополнително можат да го зголемат ширењето на овие честички.

ПОНУДИ НА ПРОЧИСТУВАЧИ

Одвлажнувачи наспроти навлажнувачи на воздухот

Одвлажнувачите и навлажувачите на воздухот, вршат сосема друга функција. Навлажнувачите ја зголемуваат влагата во воздухот, додека одвлажнувачите го прават спротивното, ја намалуваат влагата.

Вообичаено, навлажнувачите се користат во зима кога воздухот е сув, додека одвлажнувачите се користат за време на топло / летно време кога воздухот е влажен.

Навлажнувачот се користи ако нивото на влажност е под 30%, додека одвлажнувачот се користи доколку нивото на влажност е поголемо од 50%.

Препорачаното ниво на влажност во просторијата е помеѓу 30% и 50%.

Ако имате суво грло, кожата ви се лупи, кивате или кашлате користете НАВЛАЖНУВАЧ на воздухот

Ако ги имате овие симптоми најверојатно нивото на влажност во вашата соба е премногу ниско. Купете навлажнувач на воздухот за да го зголемите нивото на влажност.

ПОНУДИ НА НАВЛАЖНУВАЧИ

Доколку имате влага, мувла, полен или прашина во собата, набавете ОДВЛАЖНУВАЧ

Доколку вашата соба е постојано со влага / мувла / полен / прашина, набавете одвлажнувач на воздухот за да го намалите нивото на влажност и со тоа да спречите одгледување на мувлата.

Високото ниво на влажност е совршена средина за мувла, полен и прашина.

ПОНУДИ НА ОДВЛАЖНУВАЧИ