Нептун – сајт на годината за ИТ и електроника

Сајтот на Нептун – neptun.mk е прогласен за сајт на годината во категоријата ИТ и електроника!

Манифестацијата „Сајт на годината“ се одржа на 16 декември во фоајето на МОБ. Организацијата е на дигиталната маркетинг агенција „Media Solutions“, со поддршка на Министерството за култура, и Град Скопје.

Се доделија награди во повеќе категории. Победниците беа избрани според гласовите на повеќе од 10.000 интернет корисници.