Ecobubble технологија

Samsung Ecobubble™

Со импресивните Samsung машини за перење се постигнати извонредни резултати, како во перењето со супер ниските температури така и во заштедувањето на буџетот. За да бидат повеќе привлечни, Samsung Ecobubble машините за перење доаѓаат и со 5 годишна гаранција.

Samsung Ecobubble е нова технологијата, која со помош на генераторот на меури го помешува воздухот со водата и детергентот за да формира високо концентрирани меури. Генераторот на меури темелно го раствора детергентот и формира меури кои пенетрираат инстантно во ткаенината речиси 40 пати побрзо од високо концентриран течен детергент. Ефикасноста која е создадена од страна на генераторот на меури ја зачувува ткаенината во циклусот на перењето со тоа што температурите на перење се доста пониски од обичните машини. На пример, Super Eco Wash начинот на перење работи на 15°C користејќи само 30% од енергијата од нормален 40°C циклус и истовремено дава подобри резултати на перење.



Samsung Ecobubble технологијата нуди и извонредна грижа за ткаенината како резултат на помалата механичка акција на перењето.Samsung Ecobubble сериите на машини за перење имаат иновативен Diamond Drum, барабан кој е дизајниран со помали дупки за да се спречи евентуално оштетување или плеткање на ткаенината во него, а со тоа се зголемува и векот на траење на самиот материјал.

Ecobubble машините за перење се одлично решение за вашиот секојдневен живот поради неверојатно тивката работа на уредот од само 52dB. Ова е постигнато со анти-баланс технологијата за намалување на вибрациите (VRT - Vibration Reduction Technology), која има специјални тродимензионални сензори кои го држат барабанот балансиран при работа со високи вртежи. Вградените греачи во Samsung Ecobubble машината за перење се со керамичка облога, која покрај тоа што штити од создавање на дополнителен бигор, го зголемува и животниот век на машината до 10 години.