4K LG Технологија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4K Резолуција

4K Ultra HD резолуција е иднината на дигиталната телевизија. Резолуција од 3840x2160 пиксели или сликата од 8,3 милиони пиксели, главно има четири пати поголема резолуција од Full HD резолуцијата и обезбедува совршено природна слика, дури и кога се гледа од мала далечина.
 

True 4K Engine Pro

Подобрените LG IPS панели се одговорни за незаборавно визуелно доживување. Трикратниот XD Engine (Triple XD Engine) обезбедува висока репродукција на бои, додека уникатниот LG Tru-Ultra HD Engine има можност да ја подобри пониската резолуција и да обезбеди многу повеќе детали. Во случај на Full HD содржини, можно да се направи зголемување на резолуцијата во Ultra HD резолуција благодарение на софистицираните алгоритми.
 

IPS 4K

Одличниот квалитет на слика кај LG Ultra HD телевизорите се должи на подобрениот IPS панел. LG IPS панелот претставува врв во технологијата на панели со течен кристал (LED/LCD) и лидер во областа на реалистичните бои, ширината на аголот на гледање, острината на сликата и долготрајноста на панелот.
 

4K 3D+

Ултра HD оживува во 4K 3D+. Најудобниот 3D во светот е истовремено и најостриот 3D во 4K резолуција. Со четирикратната резолуција, 3D сликите се уште поубави, пореални и поживи од било кога.
 

LG Smart+ TV

Добредојдовте во Smart+ светот на LG, последниот чекор во еволуцијата, кој ни ја носи едноставноста на webOS, кој без комплексност ви овозможува да уживате во вашиот Smart TV.
 

ULTRA реален звук

Звукот на LG Ultra HD телевизорите е подеднакво импресивен како на сликата. Со својот широк спектар на звуци преку повеќе канали и звучници кои се поставени напред, носи доживување како да имате Sound Bar под телевизорот. Сега, уште повеќе ќе уживате во комбинацијата од неверојатна слика и импресивен звук.
 

ПОВЕЌЕ-КАНАЛЕН звучник

Со вградени звучници кои се наоѓаат на предниот дел и повеќе-каналниот систем со звучници, ќе уживате во вистинската јачина на звукот што го исполнува целиот простор, и ќе ви обезбеди спој од забавно искуство и брилијантен Ultra HD изглед.
 

ULTRA Surround

Со неверојатниот напредокот во технологијата, Ultra Surround може да обезбеди ефективен опкружувачки звук од седум различни правци. Повеќе-каналниот систем на звучници ќе создаде чувство дека звукот доаѓа од сите страни.
 

Звук создаден од harman/kardon

LG премиум серијата на телевизори може да се пофали со префинет квалитет на звукот, кој се должи на harman/kardon, лидер во решенијата во областа на аудио индустријата. Целосно задоволство за очите и ушите со совршена слика, кое е овозможено благодарение на LG.
 

Triple XD Engine

Најновиот и најнапреден Triple XD Engine носи највисоко ниво на репродукција на бои, контраст и јасност на движење за најдобар квалитет на сликата.
 

4K 60P HEVC

HEVC форматот е идниниот стандард за компресија на 4K содржини. Благодарение на вградениот декодер, LG Ultra HD телевизорите поддржуваат репродукција на содржини во HEVC формат преку USB порта, дури и без дополнителни медиа плеери.
 

HDMI 4K 60p

Високиот квалитет на HDMI е најважен во уживањето во 4K содржини преку надворешни уреди. Сега, со помош на HDMI 4K 60p можете одеднаш да испратите многу податоци. Оваа унапредена технологија поддржува и 4K видео снимки со 60 рамки во секунда, што претставува очекуван стандард за кабелските оператори со 4K сигнал.