КЛИМА УРЕДИ

КЛИМА УРЕДИ

Што е тоа клима уред?

Според начинот на своето работење, клима уредите претставуваат топлотни пумпи. Како што наговестува и самиот назив, тие ја „пумпаат“, односно ја пренесуваат топлинската енергија од внатрешната единица (која се наоѓа на ѕидот) кон надворешната единица (која на вентилаторот му ја предава топлотната енергија на воздухот).
Покрај ладењето, клима уредите имаат и функција на загревање и одвлажнување на воздухот. Функцијата на одвлажнување на воздухот е многу слична со функцијата на ладење, со таа разлика што тогаш цел е да се намали влажноста во просторијата.

Типови на клима уреди

Сплит систем
Сплит клима уредите се состојат од 2 одвоени единици – внатрешна и надворешна кои меѓусебно се поврзани со плински и електрични инсталации. Внатершната единица се закачува на ѕидот во просторијата која сакаме да ја климатизираме, додека надворешната единица служи за исфрлување на топлината надвор од просторијата.
Постојат 2 подтипови на сплит клима уреди:

  • Моно – се состои од една внатрешна и една надворешна единица

 

 

  • Мулти – се состои од една надворешна и 2 или повеќе внатрешни единици

Како што кажавме и претходно, клима уредите работат по принципот на топлотна енергија и користат компресор за својата работа. Според тоа, во зависност од компресорот постојат 2 типови на клима уреди:

  • Инвертер системи
  • Неинвертер т.е стандардни системи

Инвертер

Тоа е клима уред кој ја постигнува саканата температура за пократко време. Овие типови на клима уреди имаат повеќе нивоа на моќност на ладење/греење за разлика од обичните клима уреди. Тоа се должи на можноста за менување на бројот на вртежи кај компресорот во зависност од потребата за ладење/греење. При ладење, со цел да се постигне саканата температура, климата ја користи најголемата моќ на ладење. Кога ќе се достигне посакуваната температура, потребна е мала моќност за нејзино одржување. Овој начин на работа заштедува време и енергија која е потребна за климатизирање. Овие клима уреди се попогодни и за греење во текот на зимските денови бидејќи можат да се вклучат и на -15Cº. Секако, оваа технологија е и 2 до 3 пати поскапа во однос на стандардните клима уреди.


Неинвертер

Неинвертер клима уредите се оние клима уреди кои обично ги купуваме за нашите домови. Тие се разликуваат во компресорот поради тоа што кај овој вид, компресорот има само 2 режима на работа – или работи или не работи, односно не може да се менува бројот на вртежи. Недостаток кај овие клима уреди е нивната чувствителност при ниски температури (при режим на греење) како и малку поголемата потрошувачка на енергија. Од друга страна пак тие се 2 до 3 пати поевтини од инвертер клима уредите.

Мобилни клима уреди

Тоа се клима уреди кај кои внатрешната единица не е прицврстена, туку останува мобилна. Нејзиното поврзување со надворешната единица се остварува со помош на цевки.

Подно-тавански сплит системи

Тоа се клима уреди кои се разликуваат од ѕидните по тоа што се прицврстуваат на таванот или на подот во просторијата.

Касетни

Тоа се клима уреди кај кои внатрешната и надворешната единица се наоѓаат во исто куќиште. Тие обично се вградуваат во спуштени/пониски тавани.

Прозорски

Тоа се клима уреди кои како и касетните се монтираат само на прозорците.

Канални клима уреди

Тоа се клима уреди кои најчесто се вградуваат во работни простории, хотели, банки. Главната разлика кај нив е тоа што тие обезбедуваат рамномерна дисперзија на студен воздух, кој се дистрибуира преку системот кој е вграден во таванот или во ѕидот. Тоа осигурува и рамномерна дистрибуција и на топлината во воздухот.

Инсталација и одржување

Со цел да обезбедите максимална ефикасност на ладење, инсталирајте го клима уредот во неутрален агол од просторијата од каде ефектот на проток на воздухот ќе биде најголем. Исто така, важно е ладниот воздух да не оди директно во дел од просториите кои ги користите често и каде постојано се задржувате, како на пример работната маса или креветот пред вашиот телевизор. Важен фактор е и разликата помеѓу надворешната и надворешната температура да не биде поголема од 6Cº, бидејќи поголема разлика во температурата може да предизвика сериозни здравствени проблеми и ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија.
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ РЕДОВНО ДА ГИ ЧИСТИТЕ / СЕРВИСИРАТЕ КЛИМА УРЕДИТЕ И ДА ГИ МЕНУВАТЕ ФИЛТРИТЕ КОИ СЛУЖАТ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НЕГОВИОТ КВАЛИТЕТ.

Филтри против нечистотии

Постојат повеќе филтри за прочистување на воздухот.

Електростатички филтри

Овие филтри го прочистуваат воздухот од полен, прашина и други загадувачи.

Филтри за освежување на воздухот

Овие филтри вршат прочистување на воздухот од ситни честички, прашина или чад. Тие работат на принцип на електростатика и можат да бидат обновливи или необновливи.

Јонизатори

Овие филтри служат за елиминирање на на мирисите во воздухот кои настануваат од чадот од цигари, храната, домашните миленици и сл.

Критериуми при избор на клима уреди

1. Намена, форма и големина на просторот

За поедноставен избор на клима уредот во зависност од површината и висината (односно внатрешниот волумен) на просторот може да се користи следната табела:
 

Кој клима-уред треба да го изберете?

Моќност

m3

9,000 - 2,5 kW

80

30

12,000 - 3,5 kW

105

40

18,000 - 5,3 kW

156

60

24,000 - 7,0 kW

185

70


2. Енергетски класи на клима уреди

При избор на клима уред, постојат 2 броја на кои треба да внимавате – COP и EER.
COP (Coefficient of performance, коефициент на работење) се однесува на ефикасноста на клима уредот при греење.
EER (Energy Efficiency Ratio) се однесува на ефикасноста на клима уредот при ладење.
Овие 2 карактеристики претставуваат однос помеѓу добиената и вложената енергија.
Најдобро е да купите клима уред со повисока енергетска класа (B или A) бидејќи тоа ќе биде повисока почетна инвестиција,но ќе резултира со пониска потрошувачка на енергија.
Погледнете ја табелата со споредба на COP и EER коефициентите за клима уреди, направена според стандардите на Европската Унија:

COP

EER

Енергетска класа

COP > 3,6

EER > 3,2

A

3,4 < COP < 3,6

3,0 <EER< 3,2

B

3,2< COP < 3,4

2,8 <EER< 3,0

C

3,0< COP < 3,2

2,6 <EER< 2,8

D

2,8< COP < 3,0

2,4 <EER< 2,6

E

2,6< COP <2,8

2,2< EER < 2,2

F

2,4< COP <2,6

EER< 2,2

G

 

3. Капацитет на клима уредот

Потребниот капацитет на клима уредот се пресметува врз основа на неколку параметри, меѓу кои основни се: 

• големината на просторијата; 
• положбата на просторијата (број насончеви денови во текот на годината); 
• површината на застаклените површини; 
• бројот на електрични уреди во просторијата; 
• термичката изолација на објектот; 
• бројот на лица кои престојуваат во просторијата. 
• поставеност на внатрешната единица. 

Стандардни капацитети на сплит системи кои се нудат на нашиот пазар се од 9.000.12.000 и 18.000 BTU. 

BTU e кратенка од терминот British Thermal Unit.1 BTU e количество на енергија која е потребна за температурата на 1 lb (0,453 kg) се зголемиза 1° F (еденфарад). Разменетата енергија во текот на еден час е 1 BTU/h=0.293071 W, односно 1 W = 3,41 BTU/h. 

Капацитетот е најзначајниот параметар за клима уредот. Кога ќе се каже дека некој клима уред е "деветка", "дванаеска", се мисли дека уредот има капацитет од 9000 BTU, 12000 BTU. Врз основа на овој параметар се одредува кој клима уред е соодветен за ладење/греење на одреден простор. 

На следната табела е ориентационо прикажано колкав капацитет изразен во BTU треба да има клима уредот во зависност од површината на просторијата во домот.