Фрижидери и замрзнувачи

Фрижидери и замрзнувачи

Купувате фрижидер или замрзнувач? Упатство за вистински избор

Во вашата кујна, ништо не е поважно од местото каде ќе ја чувате храната свежа.
Сепак, било да се работи за посебен фрижидер или замрзнувач, комбиниран фрижидер или голем двостран (Side-by-side) или таканаречен Американски фрижидер, има повеќе работи кои треба да ги имате на ум при купувањето на нов.
Сеуште нема точна статистика колку храна фрламе, но одговорот е сигурно повеќе од многу. Некои извори велат дека годишниот отпад од храна во Европа е двапати поголем од количината потребна да се нахранат сите гладни на планетата што во бројки изнесува повеќе од 100 милијарди евра.
Така имајќи еден од поновите енергетски поефикасни модели на фрижидери, ќе ви заштеди многу пари од сметките за струја, и ќе помогне при складирањето на храната, која ќе трае подолго, ќе биде посвежа и повкусна.

За да ви помогнеме при изборот на вашиот нов фрижидер или замрзнувач, подоле ќе се потрудиме да дадеме одговори на прашањата кои треба да си ги поставите при купување.
 

Колку храна ми е потребна за складирање?

Ова е очигледно прашање. Ако сте сами, не ви е потребен огромен Американски фрижидер.
Прво одлучете дали ви е потребен поголем простор за складирање на свежа или на замрзната храна. Ова ќе ви даде насока каков производ ви е потребен. Комбинираните фрижидери / замрзнувачи доаѓаат во изведби со различни односи на големината на фрижидерот и замрзнувачот.
 

Каде и како ќе го сместам мојот нов уред?

Измерете точно, колку простор имате во кујната за уредот.
Мислете и на висината, ќе треба да ја дофатите и последната полица. Исто така мислете и на комотното отварање на вратите до нивната најширока точка.
Земете во предвид дека помалите модели можат да се вградат и под работната плоча, но запамтете дека секогаш ќе треба да се наведнувата за да земете нешто од нив. Стандардни широчини на фрижидерите се од 50cm до 60cm, во комбинација со помал замрзнувач на горната или поголем замрзнувач на долната страна.
Поголемите семејства можат да размислат за пошироки модели(пошироки од 60cm), кои исто така се нудат на пазарот и кои имаат поголема внатрешност. Американските или Side-by-side двостраните фрижидери се сепак најшироки, но побаруваат и поголем простор во кујната.
 

Немам место во кујната, можам ли да го чувам фрижидерот или замрзнувачот надвор од неа?


Некои модели се дизајнирани за употреба во посебни простории, гаражи, затворени тераси. Истите имаат различни минимални и максимални темпеартури на кои можат да бидат изложени. За оваа прилика фрижидерите се рангирани во посебни климатски класи. Побарајте ја класата во која припаѓа фризидерот или замрзнувачот, која се наоѓа на  Енергетската налепница на уредот.

Климатска класа Минимална температура Максимална температура
N 16°C 32°C
SN 10°C 32°C
ST 18°C 38°C
T 18°C 43°C

 

Ми треба ли ладна вода и мраз?

Многу од поновите фрижидери доаѓаат со вграден диспанзер за ладна вода и/или за мраз. Но овие додатоци одземаат дел од просторот кој би бил наменет за складирање на храна.
Некои од нив имаат сад за вода, други треба да бидат поврзани на водоводната мрежа со посебен довод. Затоа ако се одлучите за последниве, проверете дали имате можност за довод на вода со заштитен вентил за сопирање на истата.
 

Колку се енергетски ефикасни фрижидерите и замрзнувачите?

Статистички за споредба, во Европа годишно се троши струја во износ од 2 милијарди евра, само од сметките за работа на фрижидери и замрзнувачи. Дури 700 милиони може за се заштедат годишно ако населението има поефикасни, А рангирани уреди. А+ и повисоко рангираните уреди се дури до 60% поефикасни од А класираните и можат да ви заштедат доста пари годишно.

Фрижидерите, посебно комбинираните, се најголемите потрошувачи во вашата кујна, употребувајќи околу 40% од вкупната енергија која се троши во кујната. Ако се одлучите за ваков уред гледајте тој да биде најмалку А+ рангиран.
 

Како да спрачам создавање на мраз?

Никој не сака да троши време на одмрзнување на фризидерот или замрзнувачот, и да се игра со наталожениот мраз во него. Што повеќе мраз имате во фрижидерот, толку ќе биде помалку енергетски ефикасен.
Кај комбинираните фрижидери, Full NO FROST (прев. целосно без замрзнување) технологијата ги штити и фрижидерот и замрзнувачот од создавање на мраз, додека делумно NO FROST ќе го заштити само замрзнувашот каде најчесто и се појавуваат наслаги од мраз. Истата технологија ќе ја сретнеме и кај одвоените фрижидери и замрзнувачи.
 

Која е најдобрата технологија за ладење?

Циркулацијата на ладен воздух во фрижидерот или замрзнувачот со сигурност е најдобриот начин за правилно распоредување на свежината во целата внатрешност. Распоредувањето на ладниот воздух, како некои производители го нарекуваат Multiflow, со сигурност ви гарантира студена внатрешност насекаде.
Влагата која настанува од топлиот воздух кој навлегува при отварање на вратата, се изведува надвор спречувајќи при тоа да се претвори во вода и при тоа да замрзне. Овие капки потоа испаруваат во вградениот систем на компресорот.
Некои производители нудат таканаречен Twin System (прев. Двоен систем) на некои свои модели, кој овозможува независна контрола на фрижидерот и замрзнувачот. Со ова се спречува мешањето на евентуалните миризби, поефикасен е, и спречува ладниот воздух од замрзнувачот да го исуши свежиот зеленчук во фрижидерот.
LCD дисплеите, внатрешни или надворешни, ви овозможуваат полесно да ја контролирате температурата.
 

Која технологија ја одржува храната најдолг период?

Покрај правилно избраната температура, контролата на влажноста и NO FROST технологиите, постојат и други, кои ќе ви помогнат околу одржувањето на храната.

Повеќе понови модели имаат антибактериска заштита, која успежно спречува создавање и размножување на бактерии во внатрешноста. Други пак, имаат подобра изолација и посебни вакумски гуми на вратите со што спречуваат навлегување на топол воздух и бактерии или евентуално излегување на ладниот воздух.

Некои модели имаат специјални оддели за свеж зеленчук, кои се дизајнирани да ја задржат влагата во храната и да ја одржат свежа подолго време.
Брзите прегради за замрзнување во некои модели, веднаш ги замрзнуваат свежите  продукти или месо, кои по купувањето ќе ги задржат сите хранливи состојки. Исто така ќе можете да оладите и пијалоци.
Ќе сретнете и модели кои имаат посебна контрола на температурата, погодно за чување на риба и месо.
 

Што друго би можеле да очекуваме во внатрешноста на фрижидерот или замрзнувачот?

Проверете, има полици кои можат да се прилагодуваат на вашите потреби, посебни одели за салати, специјални држачи за пијалоци и вино, посебни полици за лименки и сл.
Во замрзнувачот можете да сретнете посебни одели за месо, како и специјални одели за пакети.

Осветлувањето кај некои понови модели е со LED светилки кои суштински се разликуваат од старите сијалици. Со вакво осветлување прегледноста е подобра. Може да биде поставено од горната страна или странично долж целата внатрешност.
 

Колку се бучни фрижидерите и замрзнувачите?

Нивото на бучавата на уредите се мери во децибели (dB) и вредноста можете да ја најдете истакната на Енергетската налепница на уредот. Доколку кујната во вашиот дом го завзема централниот дел и е отворена према други простории каде престојувате, овие вредности ќе ви значат повеќе ако се пониски. Пониска вредност ќе биде попријатна и нема да ви пречи во разните дневни активности.
 

Како да ја избегнам веќе стандардната бела боја?

Можете да најдете софистицирани фрижиидери со совршен стаклен финиш, во модерна црна или INOX завршница, или најновите Antifinger INOX завршници на кои нема да се познаваат никакви остатоци од допрените површини, посебно погодни за семејства со  мали деца. Кај некои модели ќе сретнете и артистички елементи кои кујната ќе ја направат попријатна за престој.

 

BEKO – Палетата производи се карактеризира со модели А+ и А++ енергетска ефикасност. А++ моделите носат до -40%  енергетска заштеда, додека А+ до 20% во споредба со А – класа. Се карактеризираат со висока ефикасност на разладување со двоен активен систем. Технологија на сина светлина која е од суштинско значење и овозможува продолжување на фотосинтезата на овошјето и зеленчукот..
Total No-Frost се карактеризира со висока енергетска ефикасност и брзо ладење. Total No-Frost А+  во споредба со А+класата( директно ладење) заштедува до 30% потрошувачка на енергија . За 2h и 40 мин. ладење се постигнуваат следните температури: Semi No-frost:11.5°C Direct cooling:13°C Total No-frost:7°C Температурата на ладење кај Total No-Frost се движи ..