За Нептун

Добредојдовте на веб-страната на Нептун.

Се надеваме дека е, или ќе стане место кое секојдневно ќе го посетувате и каде ќе ги најдете сите потребни производи и информации.

Ние пак, ќе се потрудиме преку постојаното ажурирање со нови производи, акции и содржини да го оправдаме времето кое ни го посветувате.
Срдечен поздрав,

Ваш Нептун

За оние кои сакаат малку повеќе да нé запознаат...

Историјат

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонија,

Првата продавница на Нептун е отворена во 1998 година во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје. Во 2006 година се отвораат продавниците во Градскиот стадион во Скопје, како и на репрезентативни локации во Гостивар и Тетово. Во наредниот период, компанијата продолжува да ги доближува своите услуги до купувачите од другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово во 2007 година, во 2008 година мрежата се шири во Струга, Прилеп и Битола, а во 2009 година во Штип, Струмица и Кочани. 2007-та година е значајна и по започнувањето на експанзијата на мрежата Нептун на Косовскиот пазар. 2012 година е година во која во Скопје се отвoраат двете најголеми продавници, во Аеродром и Скопје Сити Мол во Карпош. Во периодот од 2012 до 2017 година се отвораат продавници во Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, Чаир, Неготино, Свети Николе и Сарај во Скопје.

Во 2016 година, започнува со работа новиот магацински комплекс, лоциран во општина Илинден, кој по својата функција ги обединува работата на Магацинот, Шпедицијата и Јавниот царински склад.

Малопродажната мрежа на Нептун е веќе 20 години присутна на македонскиот пазар, во моментов е застапена со 27 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400.

Со цел постојано да биде во тек со движењата на пазарот, во 2009 година, Нептун се ребрендираше, притоа напуштајќи го стариот концепт на работа, и модернизирајќи го целокупниот изглед.

Во однос на брендовите кои ги застапува и продава, хронологијата го вели следново: Нептун станува официјален застапник за  Филипс во 1998 година, ексклузивен дистрибутер за ЛГ во 1999 година, официјален застапник за Сони во 2000 и ексклузивен дистрибутер за Беко во 2004.
Со сите брендови во своето портфолио, без разлика  дали станува збор за Беко, ЛГ, Самсунг, Сони, Филипс, Панасоник, СЕБ Групацијата (Тефал, Ровента, Мулинекс), Електролукс, Индесит, Бош, Асус, Хјуавеи или Фуего, Нептун е веќе значаен и незаобиколлив дел на пазарот за техничка опрема во Македонија и регионот.

Компанијата е дел од бизнис кој постојано се менува и каде секојдневно има некој новитет, некој понапреден модел. Сето тоа се причини поради кои Компанијата постојано го следи наметнатото брзо темпо и е во чекор со потребите на клиентите. Постојано се инвестира во вработените, во нивниот професионален развој низ постојани обуки, а потоа и во нивната исполнетост на работното место. Работната атмосфера и инвестирањето во надградбата на вработените придонесува и за квалитетната и професионална услуга на клиентите.

Дополнително, за најдобро можно купувачко искуство, Нептун нуди и широка палета на услуги на своите клиенти како инстант кредити, осигурување на производите, дополнителни гаранции, разни типови на достава и најновиот продукт кобрендираната картичка happy во партнерство со НЛБ Банка.

Мисија, визија и вредности

За да истраеме во годините што следат се трудиме да гледаме напред, да ги следиме трендовите и да ги разбереме силите кои понатаму ќе го обликуваат нашиот бизнис. Поставувајќи нови "дестинации" во бизнисот, ова се мапите кои ќе ни помогнат да стигнеме до нив.

Мисија

Континуирано ги подобруваме нашите производи и услуги за најголемо задоволство на клиентите и надминување на нивните очекувања.
Во својата работа компанијата промовира иновативност и е лидер во нови технологии.
Нептун расте и се развива, зголемувајќи ја својата општествена одговорност и грижата за вработените.
Работиме со страст, посветеност, креативност и визионерство.

Визија

Нептун е прв избор за иновативни технологии и сеопфатни решенија, коишто ја прават разликата, во сечиј дом, секој ден, секаде. Ние го подобруваме начинот на којшто заедницата живее и работи.

Вредности

  • Купувачите ни се на прво место: Ги слушаме, ги идентификуваме нивните потреби и реализираме.
  • Како дома: Создаваме атмосфера купувачите да се чувствуваат добредојдено и пријатно, како дома.
  • Иновативност: Заедно креираме трендови.
  • Интегритет: Одговорни сме и го правиме она што го зборуваме.
  • Општествена одговорност: Подобро утре е и наша грижа.
  • Континуиран развој: Секогаш со вистинска визија.
  • Грижа: За купувачите, вработените, партнерите.

За Балфин Групацијата

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, БАЛФИН Групацијата е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Холандија, вработувајќи приближно 6.000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.

Потребна ви е помош?
Контактирајте нѐ на
+389 (0)2 55 14 777
Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate