Детален водич за избор на клима уред!
Клима уредот не треба само да лади - може и да грее, и тоа многу ефикасно. Затоа, се работи за комплетен производ, кон чија набавка треба внимателно да се пристапи.При избор на клима уред, важно е да се земат предвид неколку фактори: големината на просторот, енергетската ефикасност, бучавоста, и дополнителните функции како прочистување на воздухот или „smart“ управување. Совремeните модели овозможуваат стабилна температура, намалена потрошувачка на струја и максимална удобност, без оглед на надворешните услови.
Инвестирањето во квалитетен клима уред значи долгорочна заштеда и зголемена удобност.Во продолжение можете да дознаете повеќе за видовите на клима уреди, нивните спецификации, а ние ќе се обидеме да одговориме на некои од најважните прашања поврзани со купување климатизери.
Колку BTU ви требаат?
BTU е ознака за капацитет за климатизација. Кратенката значи „Британски термални единици.“ Да не навлегуваме во деталите зошто се користи токму оваа мерка. Исто така, во жаргонски, уред од 9000 BTU се нарекува и "деветка", "дванаеска" за 12000 BTU и така натаму.

Овој калкулатор е само од информативен карактер. Ве молам консултирајте со нашите продавачи во продажен салон!

Издвојуваме:
Инвертер клима уред
LG A12GA2.NSE
12000 BTU
3500W
A++/A+
Инвертер клима уред
LG H12S1DA.NS1 / H12S1DA.U12
12000 BTU
3500W
A+++
Инвертер клима уред
BEKO BEEPGE 125/ BEEPGE 126
12000 BTU
3500W
A+++/A++
Инвертер клима уред
FUEGO FGTC12INV-WIFI-WMSE7
12000 BTU
3900W
A+++/A++
Инвертер клима уред
GRUNDIG GEEPWE 180/ GEEPWE 181
18000 BTU
5200W
A+++/A++
Инвертер клима уред
FUEGO FGAX24INV-WIFI-WMSE6
24000 BTU
7300W
A+++/A++
Што се клима уреди и какви видови постојат?
Во денешно време е речиси незамисливо некој да не слушнал за овие одлични уреди кои го прават животот и престојот во нашиот дом попријатен и поубав. Клима уредите се ефикасни уреди кои ќе ви овозможат да ја создадете идеалната температура во вашиот дом, обезбедувајќи ви ја удобноста што ја сакате. Кога клима уредот лади, фреонот ја апсорбира топлината од внатрешноста на просторијата и ја ослободува надвор. Кога се загрева, процесот е обратен. За многумина, ладењето е сè уште синоним за климатизација, но греењето станува се попопуларна опција, пред се поради неговата енергетска ефикасност во споредба со електричните конкуренти. Сега да преминеме на поважните информации за купување. Значи, какви видови клими постојат?
ИНВЕРТЕР
МУЛТИСПЛИТ
МОБИЛНИ

Ви треба помош?
+389 (0)2 55 14 777
Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate