ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ NEPTUN HAPPY НА НЕПТУН МАКЕДОНИЈА

1. Вовед

1.1. Правилата и условите (во натамошниот текст Правила) за членство во NEPTUN HAPPY програмата за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (во натамошниот текст Програмата) ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања кои произлегуваат од членството во Програмата. Правилата заедно со било кои други применливи услови и правила поврзани со било кои промотивни понуди кои можат да бидат испратени до членовите на Програмата, претставуваат договор помеѓу членот на Програмата и НЕПТУН МАКЕДОНИЈА. Со зачленување во Програмата, и нејзино континуирано користење, членовите ги прифаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие Правила. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата.* Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk и на интернет порталот на Програмата www.neptun.mk/happy.

1.2. Со зачленување во Програмата, членовите на Програмата се стекнуваат со NEPTUN HAPPY картичка која претставува потврда за членство во Програмата. Членовите на Програмата за да ги стекнат правата и бенефициите од Програмата при купување на продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА треба да ја презентраат NEPTUN HAPPY картичката.

1.3. Правилата и условите за членство во Програмата се јавно достапни и во секој момент можат да се видат на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk и на интернет порталот на Програмата www.neptun.mk/happy.

2. Дефиниции:

2.1. “Правила и услови” значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и членот на програмата за лојалност;

2.2. „Програмата за лојалност NEPTUN HAPPY“ значи програма за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје преку која членовите на програмата за лојалност со купување производи на продажните места стекнуваат поени, вредносни ваучери и ексклузивни бенефиции согласно со правилата и условите за членство во програмата за лојалност;

2.3. „НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје“ е правно лице што е основано и работи во согласност со законите во РС Македонија со седиште на ул. Качанички Пат бр. 56, Бутел, 1000 Скопје;

2.4 „Картичката NEPTUN HAPPY“ е картичка што е поврзана со сметката на членот на програмата за лојалност на која се евидентираат купувањата на членот на програмата за лојалност, стекнатите поени, доделените и реализираните вредносни ваучери;

2.5. „Интернет-портал на програмата за лојалност” е посебно дизајнирана интернет-страница www.neptun.mk/happy на која може да се најават членовите на програмата и да добијат информации за извршените купувања, стекнатите поени и вредносни ваучери, како и информации за какви било промотивни понуди или други понуди што се однесуваат на членовите на програмата за лојалност;

2.6. “Интернет портал на програмата за лојалност” е посебно дизајнирана интернет страница www.neptun.mk/happy на која може да се најават членовите на програмата и да добијат информации за извршените купувања, стекнатите поени и вредносни ваучери, како и информации за било какви промотивни понуди или други понуди кои се однесуваат на членовите на програмата за лојалност;

2.7. “Член на програмата за лојалност” значи физичко лице кое ги прифатило правилата и условите за членство во програмата за лојалност и дало соодветнa изјава за согласност за користење на своите лични податоци на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА;

2.8. “Поен” значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и условите на програмата за лојалност;

2.9. “Вредносен ваучер” значи вредносен сертификат со кој се стекнуваат членовите на програмата за лојалност по кумулирање на соодветен број на поени, во согласност со правилата и условите за членство во програмата за лојалност;

2.10. “Роденденски код“ значи доделување на дополнителен поврат на поени на членот на програмата во периодот 7 дена сметано од денот на неговиот роденден

2.11. “Профил на член“ го означува корисничкиот профил на Членот на Програмата каде се евидентираат сите акции на Членот на програмата со haPPy картичката.

3. Услови за членство:

3.1. Член во Програмата може да стане секоe полнолетно физичко лице;

3.2. Адресата на е-пошта и мобилниот телефонски број наведени во апликацијата за членство во Програмата мора да бидат точни и валидни. Доколку членот на Програмата направи било какви измени во адресата на е-пошта, мобилниот телефонски број или во другите адресни податоци истото треба да го пријави во било кое продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА со цел неговите податоци да бидат ажурирани во согласност со применливите прописи;

3.3. За членството во Програмата, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА наплаќа еднократен паричен надомест согласно Ценовникот на друштвото. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ја менува цената за зачленување во Програмата, како и правото на организирање на промотивни периоди во кои ќе одобрува попусти и промоции или ќе се организира бесплатно зачленување во Програмата;

3.4. Зачленувањето во Програмата се врши во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА со пополнување на Апликација за членство и Изјава за согласност за користење на лични податоци и издавање на NEPTUN HAPPY картичка;

4. Стекнување на поени:

4.1. Со зачленување во Програмата членовите се стекнуваат со право да стекнуваат поени при купување во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА согласно овие Правила.

4.2. Членовите на Програмата стекнуваат право да добијат 2% на поврат во вид на поени за секој 1,00 денар потрошен во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или преку интернет-страницата на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk за купувања производи што се квалификуваат за стекнување поени. Поените ќе бидат евидентирани на сметката за членство во Програмата на датумот на купување на производот/ите, а ќе се сметаат за валидни на 16-тиот ден од датумот на купопродажната трансакција.

4.3. Купопродажни трансакции што се квалификуваат за стекнување поени се сите купувања, со исклучок на купувањето на НЕПТУН ПОДАРОК-ВАУЧЕРИ/КАРТИЧКИ и трансакциите реализирани со happy cobrand кредитната картичка.

4.4. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото повремено да организира промотивни периоди во кои ќе доделува поени и на купопродажни трансакции поврзани за производи за кои: е одобрен попуст на истакнатата малопродажна цена, производи или пакети кои се на промоција и производи кои се на ликвидација.

4.5. Купопродажни трансакции што се квалификуваат за стекнување поени се сите купувања, со исклучок на купувањето на НЕПТУН ПОДАРОК-ВАУЧЕРИ/КАРТИЧКИ и трансакциите реализирани со happy cobrand кредитната картичка.

4.6. Купувањата што не се квалификуваат за стекнување поени се евидентираат на сметката на членот на Програмата, доколку при купувањето биде презентирана картичката NEPTUN HAPPY, и се пресметуваат во потребниот обем на купување за стекнување напредно членство во Програмата, согласно со овие Правила.

5. Искористување на поени:

5.1. За секои стекнати 400 поени членовите на Програмата добиваат право на вредносен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направенa сметка.

5.2. За секој достигнат праг од реализирана продажба од 60.000,00 ден, членовите на Програмата добиваат право на дополнителен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направената сметка

5.3. Вредносните ваучери по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА (www. neptun.mk), можат да се искористат за купување на производи по било која цена.

5.4. Вредносниот ваучер може да биде искористен само во периодот на неговата важност. Вредносните ваучери имаат рок на важност до 210 дена од датумот на издавање во зависност од нивото на членство во Програмата. (специфицирано во табелата од точка 8)

5.5. Со секое издавање вредносен ваучер се одземаат 400 поени од сметката на членот на Програмата, на датумот на издавањето на вредносниот ваучер

5.6. Информација за издадените ваучери и за периодот на нивната важност членовите на Програмата добиваат по пат на е-пошта или по пат на СМС порака на адресата на е-поштата, односно мобилниот телефонски број наведен на апликацијата за членство во Програмата

5.7. Вредносниот ваучер не може да се претвори во пари, ниту може да има третман на каков било паричен депозит, со исклучок на можноста за отстапување од точка 5.7.

5.8. Вредносните ваучери остануваат сопственост на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА до датумот на нивното искористување. 

5.9. Стекнатите вредносни ваучери преку уредно пополнета согласност од членот можат да бидат отстапени за сметка на СОС детско село.

6. Сторнирање на доделени поени и вредносни ваучери

6.1. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување биле доделени поени истите ќе бидат сторнирани, односно ќе се третираат како невалидни.

6.2. Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување му бил одобрен попуст, врз основа на искористен вредносен ваучер, искористениот вредносен ваучер останува во важност сè до датумот на неговата важност, сметано од денот кога истиот е доделен т.е. стекнат.

6.3. Во случаите во кои врз основа на искористен вредносен ваучер бил одобрен попуст на повеќе од еден производ, при враќањето на дел од производите во согласност со законските прописи искористениот ваучер ја губи својата важност, односно станува невалиден во целост.

6.4. Доколку Членот не реализира купување на производи преку Програмата, односно не е активен во период од 1 (една) година сметано од последната трансакција, дотогаш стекнатите поени се сторнираат.

7. Напредно членство во Програмата

7.1. Со купување производи во вкупна вредност од 70.000 денари во текот на една година членовите на Програмата стекнуваат право на NEPTUN HAPPY Comfort-членство во Програмата.

7.2. Статусот NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата ќе почне на 16-тиот ден од датумот на исполнувањето на условите за NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата. Статусот на NEPTUN HAPPY Comfort-член во Програмата важи во период од една година од датумот на исполнувањето на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Comfort, членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 70.000 денари во текот на една а година од датумот на стекнувањето NEPTUN HAPPY Comfort членство во Програмата, а во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY. Со стекнување на правото на NEPTUN HAPPY Comfort-членство членот се здобива со промотивен Сomfort код со важност од 30 дена сметано од денот на промената на нивото на членство. Со Сomfort кодот Членот се стекнува со право на 3% поврат во поени за следна реализирана купопродажба. Промотивниот Сomfort код се доделува на профилот на членот и се евидентира на неговата haPPy картичка, за што членот ќе биде известен по пат на е-маил и/или смс порака.

7.3. Со купување производи во вкупна вредност од 170.000 денари во текот на една година членовите на Програмата стекнуваат право на NEPTUN HAPPY Premium-членство во Програмата.

7.4. Статусот NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата ќе почне на 16-тиот ден од датумот на исполнувањето на условите за NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата. Статусот на NETUN HAPPY Premium-член во Програмата важи во период од една година од датумот на исполнувањето на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Premium, членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 170.000 денари во текот на една година од датумот на стекнувањето NEPTUN HAPPY Premium членство во Програмата, во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY. Со стекнување на правото на NEPTUN HAPPY Premium-членство членот се здобива со промотивен Рremium код со важност од 30 дена сметано од денот на промена на нивото на членство. Со Рremium кодот Членот се стакнува со право на 4% поврат во поени на следна реализирана купопродажба. Промотивниот Рremium код се доделува на профилот на членот и се евидентира на неговата haPPy картичка, за што членот ќе биде известен по пат на е-маил и/или смс порака.

8. Останати погодности и бенефиции во Програмата

Награди / Бенефиции

Neptun Happy

Neptun Happy Comfort

Neptun Happy Premium

Поени

1 Поен
=
1 Ден

1 Поен
=
1 Ден
70.000 ден

1 Поен
=
1 Ден
170.000 ден

Вредносен Ваучер

2% поврат во поени на секоја трансакција
400 поени = 400 ден
Секој достигнат праг од реализирана продажба на
60.000 ден плус дополнителен ваучечр од 800 ден

Важност на ваучер

150 дена

180 дена

210 дена

Испорака

-

Бесплатно Комфорт ниво на испорака

Бесплатно Премиум ниво на испорака

Роденденски изненадувања

3% поврат со
искористен
промо код
(50%повеќе)

3.5 % поврат со
искористен
промо код
(75% повеќе)
Важност 7 дена

 4 % поврат со
искористен
промо код (100%
повеќе) Важност
7 дена

Премин од едно во друго ниво

comfort код (важност 30 дена 50%
повеќе поени на
реализирана сметка )

premium код
(важност 30дена
100% повеќе поени на
реализирана сметка)

Известување пред другите

Да

Ексклузивна продажба преку понуда/финансирање

Да

* Во случај на враќање, односно замена на производот треба да бидат исполнети следните услови:

- правото за замена или враќање на производ, може да биде остварено во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен;
- да биде приложена фискалната сметка за купениот производ;
- производот да биде вратен во оригиналното пакување;
- производот да биде во состојба во која бил купен без видливи оштетувања;
- да бидат вратени сите додатоци, пропратни и потрошни делови и целокупната документација кои се   наоѓале во оригиналното пакување на производот.
** Согласно со правилата и условите за членство во програмата и прописите применливи во РМ.

9. Ограничувања:

9.1. Стекнатите поени и вредносни ваучери не се преносливи и може да ги користи само членот на Програмата што ги стекнал, со исклучок на предвиденото отстапување од точка 5.7.

9.2. НEПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да не додели поени или да не издаде вредносен ваучер во случаите кога ќе утврди дека се повредни правилата и условите на Програмата или било кој друг применлив пропис во важност, измама или злоупотреба на членството во Програмата.

9.3. Исто така, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да го одбие секое идно барање за членство во оваа или било која друга програма за лојаност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА на лице за кое било утврдено дека направило измама или на друг начин ги повредило или злоупотребило правилата и условите за членство во Програмата.

10. Откажување на членство:

10.1. Членството во Програмата може да се откаже во било кое време со поднесување на Апликација за откажување на членство во Програмата. Со откажување на членството во Програмата NEPTUN HAPPY картичката ќе биде деактивирана.

10.2. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата, членот на Програмата има неискористени вреносни ваучери истите може да се искористи пред откажување на членството и деактивирање на NEPTUN HAPPY картичката.

10.3. Доколку во моментот на откажувањето на членството во Програмата, членот на Програмата има помалку од 400 поени, тие ја губат својата важност.

11. Политика за приватност и заштита на личните податоци

11.1. Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА за заштита на лични податоци и соодветните прописи што се во важност во Република Северна Македонија.

11.2. Со прифаќањето на условите на Програмата членовите на Програмата се согласуваат НЕПТУН МАКЕДОНИЈА да ги користи нивните лични податоци за директен (СМС и/или е-mail) маркетинг, профилирање или со цел да врши проверка или верификација во бази на податоци или кредитни бироа или регистри во согласност со законите во Република Северна Македонија.

11.3. Со прифаќање на овие Правила членот на Програмата се согласува нивните лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Северна Македонија и интерните правила на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, за потребите на Програмата.

12. Детали за комуникација

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ Адреса: Качанички пат бр.56, Бутел, 1000 Скопје
Тел (инфо): +389(0)2 55 14 777
Поштенски фах: 1104
Интернет страница: www.neptun.mk
Интернет портал на Програмата: www.neptun.mk/happy
Aдреса на е-пошта: happy@neptun.mk

13. Ограничување на одговорност

Како дополнување на ограничувањата дадени во Правилата, во ниту еден случај НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, ниту лицата вработени во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ќе сносат било каква одговорност за било какви дирекни, индиректни, посебни, инцидентни, последователни или кумулативни штети или било какви други штети кои произлегуваат од или се поврзани со Програмата. Овие исклучоци и ограничувања ќе се применуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе бидат во важност и во периодот по откажување или прекинување на членстовото во Програмата.

14. Преодни одредби

На вредносните ваучери и на акумулираните поени за кои сеуште не е доделен вредносен ваучер ќе се применуваат новите правила за вредност на поени и формирање на вредносни ваучери. Нептун Македонија го задржува правото во секое време да прави измени и дополнувања во програмата за лојалност, исклучоци за доделување на поени и ваучери согласно интерни одлуки без дополнителна согласност од страна на членот во програмта за лојалност. Измените и дополнувањата ќе бидат објавени/ ажурирани на веб страната на Нептун Македонија.

15. Надлежен суд

Во случај на спор надлежен е Основниот Граѓански суд Скопје.

Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate