Избери ја саканата услуга
Без разлика дали станува збор за машина за перење, фрижидер или шпорет – апаратот едноставно не го собира во Вашиот автомобил? Дозволете ни да го преземеме транспортот за Вас! Ви го доставуваме продуктот до дома, Ви го монтираме, инсталираме. На Ваше барање стоиме на располагање и за отстранување на стариот апарат. Изберете еден од нашите пакети за достава Стандард, Стандард Плус, Комфорт или Премиум и поедноставете си го животот со нашите услуги.
Стандард
1,00 ден.
- достава во термин одреден од Нептун
- достава на производот до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда)
- не важи за производи при онлајн купопродажба
- важи исклучиво за следните категории производи:
- телевизори,
- машини за перење и сушење алишта,
- машини за садови,
- фрижидери,
- шпорети,
- клима уреди,
- бојлери со капацитет над 50 литри.
Достапна за сите градови
Стандард Плус
300,00 ден.
- достава во термин одреден од Нептун
- достава на производот до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда)
- важи за сите производи при онлајн купопродажба
- важи исклучиво за следните категории на производи купени во продавница:
- домашно аудио и галантерија,
- персонално аудио,
- опрема за автомобили,
- паметни уреди, лаптопи, десктоп компјутери, монитори и проектори
- ИТ галантерија,
- таблети, мобилни телефони и галантерија,
- фотоапарати, камери и галантерија,
- вентилатори и уреди за греење,
- микробранови печки,
- мали апарати за домаќинство,
- апарати за лична нега и убавина,
- продукти за спорт и рекреација,
- ваучери.
Достапна за сите градови
Комфорт
599,00 ден.
- достава во термин одреден од Нептун
- достава на производот до влезен ходник или после влезна врата од домот
- распакување на апаратот
Достапна само за Скопје
Премиум
1.299,00 ден.
- достава во термин по договор
- достава на производот до местото каде што треба да стои во домот
- распакување на апаратот
- поставување, приклучување на новиот апарат на вeќе постоечка инсталација
- отстранување на пакувањето надвор од домот на купувачот
- демонтажа на стариот апарат
- отстранување на стариот апарат од домот*
Достапна само за Скопје
*Доколку стариот апарат е оддалечен до 50м од местото на монтажа на новиот производ
*Комфорт и Премиум услугите не се достапни за купопродажби остварени преку нашата веб страна за градови надвор од Скопје
*Стандард Плус испораката производите од категоријата „Свет на Страсти“ изнесува 160 денари. Сите производи од категоријата „Свет на Страсти“ купени преку нашата онлајн продавница се 100% дискретно спакувани. Испораката е брза и сигурна.
Стандард услуга
Стандард опцијата се однесува за доставување на производот до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи исклучиво за следните категории производи: телевизори; машини за перење и сушење алишта; машини за садови; фрижидери; шпорети; клима уреди; бојлери со капацитет над 50 литри. – Достапна за сите градови.
Комфорт и Премиум услуга
Основни услови при поставување на производите во Комфорт и Премиум услуга
- Местото каде треба да се постави производот треба да биде соодветно на димензиите кои што ги има производот кој се поставува, на рамна, чиста и сува површина
- Во просторијата да има пристап и можност за инсталација како и можност за непречено качување или внесување во домот или просторијата
- Местото каде треба да се постави производот треба да ги има сите потребни приклучоци за инсталација ( довод, одвод, приклучок за струја и слично)
- Дополнителните елементи ( држач за ТВ, кабел, приклучок и слично), кои се потребни за инсталација се обезбедуваат од страна на купувачот.
- Вклучување на ТВ уредите во електрична мрежа.
Дополнителни услуги поврзани со Премиум услуга
| Промена на врата од фрижидер и монтажа |
1.499,00 ден |
| Монтажа на ТВ на ѕид |
1.799,00 ден |
| Монтажа на монофазен кабел 1m |
150,00 ден |
| Монтажа на трофазен кабел 1m |
200,00 ден |
| Монтажа на монофазен приклучок |
200,00 ден |
| Монтажа на трофазен приклучок |
250,00 ден |
Монтажа на производите во Премиум услуга се врши само за следните групи
Одберете категорија за повеќе информации.
- Потребно е да има поставен довод на вода, со соодветен притисок на кој е поставен вентил од ¾ и е во во функција (исправен)
- Одвод за приклучок на водоводно црево, када, WC школка, лабаво и сл.
- Доколку приклучоците за довод и одвод се подалеку поставени од местото каде се поставува машината, продолжението на одводното црево и подолго доводно црево го обезбедува корисникот
- За монтажа на машина за садови потребно е да има довод на вода со соодветен притисок и поставен ¾ вентил кој е во функција
- Одвод за приклучок на одводно црево или веќе постоечки сифон на самиот одвод од кујнскиот мијалник
- Вградените машини покрај овие услови потребно е да имаат и соодветна предна плоча (од иверица,медијапан,дрво) во димензии кои одговараат на вратата од машината за вградување, на која е монтирана рачка од кујната
- Димензиите на елементот каде се вградува машината за садови треба да се 82,5 цм висина и 60,5 цм ширина и најмалку 60 цм длабочина
- Просторот треба да биде соодветен на димензиите на фрижидерот, а површината да биде рамна и чиста поради минималната можност за нивелација со ногарките
- Кај SBS фрижидерите кои имаат диспанзер за вода и приклучок на водоводна мрежа потребно е да има постоечка инсталација на која е поставен ¾ вентил. Со овие фрижидери е доставено црево за довод на вода кое е 5 м и не може да биде продолжено
- Самостоечките шпорети не содржат кабли за приклучок на струја (фабричко пакување) поради можност да се приклучат на моно-фазна или тро-фазна струја. Истите ги има во понудата на Нептун Македонија и треба да бидат обезбедени пред монтажа на шпоретот
- Вградените елементи, плотни и рерни се поврзуваат и монтираат на веќе припремени елементи во соодветни димензии за рерната и соодветен отвор со димензии кои одговараат на плотната
- Монтажа се врши на сите типови телевизори кои имаат можност да се постават на ѕид
- Монтажа на телевизори на постаменти кои доаѓаат во пакет
- Кај монтажа на ѕид купувачот го обезбедува држачот по негова желба (фиксен или зглобен) кој се монтира на секаков вид ѕид, бетон, гипс-картон, дрво или сл.
- Доколку се утврди дека држачот или местото се несоодветни и има ризик да се откачи или падне телевизорот “Премиум “ екипата може да ја одбие инсталацијата или пак истата да ја изврши на одговорност на купувачот или со претходна потпишана изјава од самиот купувач