Осигурани производи, сигурно купување! - SAVA Осигурување на Вашите нови производи од Нептун
Нептун Македонија во соработка со Сава осигурување воведува нов осигурителен производ за комбинирано осигурување на мобилна и техничка опрема купена во продажните салони.
Осигурувањето на мобилна и техничка опрема нуди покритие за случајно настаната штета, провална кражба и разбојништво и за злоупотреба на мобилна опрема, за времетраењето на основната гаранција на производителот или доколку е склучено осигурување по Условите за продолжена гаранција за апарати за домаќинство, за времетраење на продолжената гаранција, но најмногу до 3 години.
Предмет на осигурување може да биде исклучиво нова техничка или мобилна опрема купена во продавниците на Нептун Македонија со цена поголема од 9.000 денари. Сума на осигурување за техничка и мобилна опрема претставува новонабавната вредност на опремата според фискална сметка или фактура.
  • Техничка опрема: ТВ и аудио уреди, бела техника, десктоп компјутери
  • Мобилна опрема: мобилни телефони, таблети, преносни компјутери (лаптопи)
ТЕХНИЧКА ОПРЕМА За една година За две години За три години
Бела техника 1.5% 2.4% 3.0%
ТВ и аудио уреди 3.2% 5.0% 6.0%
Десктоп компјутери 3.2% 5.0%
МОБИЛНА ОПРЕМА За една година За две години
Мобилни телефони (Android) 11.0% 15.0%
Мобилни телефони (iPhone) 12.5% 18.0%
Преносни компјутери (Лаптопи) 7.0% 10.0%
Таблети 7.0% 10.0%
Дополнителна опасност – злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери
За оваа дополнителна опасност, доплатокот на премија изнесува 20%
Лимитот на покритие по штетен настан и за времетраење на осигурувањето изнесува 1.000 ЕУР во денарска противвредност
*Забелешка: Премиите се наплаќаат еднократно во моментот на купување на производот.
Амортизација на осигурените уреди
Месечните стапки на амортизација со кои се пресметува процентот на амортизираноста на опремата изнесуваат:
  • За телевизиски и аудио уреди 2%
  • За бела техника 2%
  • За десктоп / лаптоп компјутери 3%
  • За мобилни телефони 3%
  • За таблети 3%
Франшиза
Осигуреникот во секоја штета учествува со одбитна франшиза во висина од 15% од износот на штетата, но не помалку од 50 ЕУР во денарска противвредност, за следните осигурани опасности:
  • Случајно настаната штета поради физичко оштетување или оштетување на опремата како последица на паѓање или удар
  • Провална кражба и разбојништво
  • Злоупотреба на мобилна опрема и десктоп компјутери
Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate