NEPTUN HAPPY е нашата програма за лојалност, која ја создадовме да инспирираме повеќе радост и задоволство со секое купување кај нас. Единствена од овој тип на пазарот, програмата NEPTUN HAPPY ви овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции: купување по haPPy цени, наградни поени, достава, промоции, поддршка, монтажа и многу други услуги.

ЧЛЕНСТВО

Можете да станете член на NEPTUN HAPPY програмата на многу брз и едноставен  начин. Доволно е да имате наполнето 18 години и да аплицирате за NEPTUN HAPPY картичка во продавниците на Нептун или пак аплицирајте и купете си дигитална haPPy картичка со -50% попуст на овој линк!

При издавање на NEPTUN HAPPY картичката НЕПТУН МАКЕДОНИЈА наплатува еднократен надомест од 299 денари доколку купите во продавница или 150 денари доколку купите онлајн на овој линк!

Вашата haPPy картичка (купена во нашите продавници или онлајн) може да ја активирате на вашиот онлајн haPPy акаунт на нашиот веб сајт или мобилна апликација. Со тоа, Вие ќе ја имате вашата haPPy картичка во дигитална форма со која ќе може да купувате како haPPy корисник и да ги користите сите бенефиции од лојалната програма во нашите продавници и онлајн.

НИВОА НА ПРОГРАМАТА

NEPTUN HAPPY има три нивоа на членство:

  • Neptun Happy
  • Neptun Happy Comfort
  • Neptun Happy Premium

Со право да станете член во повисоките нивоа на Програмата се стекнувате доколку во текот на една година направите вкупен промет во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА во вредност од 70,000 денари (NEPTUN HAPPY Comfort), односно 170,000 денари (NEPTUN HAPPY Premium) во текот на една календарска година. Со преоѓање во повисоко ниво на членство во Програмата се стекнувате со право на повисоки погодности и бенефиции.

ПОГОДНОСТИ И БЕНЕФИЦИИ

Награди / Бенефиции

Neptun Happy

Neptun Happy Comfort

Neptun Happy Premium

Поени

1 Поен
=
1 Ден

1 Поен
=
1 Ден
70.000 ден

1 Поен
=
1 Ден
170.000 ден

Вредносен Ваучер

2% поврат во поени на секоја трансакција
400 поени = 400 ден
Секој достигнат праг од реализирана продажба на
60.000 ден плус дополнителен ваучечр од 400 ден

Важност на ваучер

150 дена

180 дена

210 дена

Испорака

-

Бесплатно Комфорт ниво на испорака

Бесплатно Премиум ниво на испорака

Роденденски изненадувања

3% поврат со
искористен
промо код
(50%повеќе)

3.5 % поврат со
искористен
промо код
(75% повеќе)
Важност 7 дена

 4 % поврат со
искористен
промо код (100%
повеќе) Важност
7 дена

Премин од едно во друго ниво

comfort код (важност 30 дена 50%
повеќе поени на
реализирана сметка )

premium код
(важност 30дена
100% повеќе поени на
реализирана сметка)

Известување пред другите

Да

Ексклузивна продажба преку понуда/финансирање

Да

* Во случај на враќање, односно замена на производот треба да бидат исполнети следните услови:

- правото за замена или враќање на производ, може да биде остварено во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен;
- да биде приложена фискалната сметка за купениот производ;
- производот да биде вратен во оригиналното пакување;
- производот да биде во состојба во која бил купен без видливи оштетувања;
- да бидат вратени сите додатоци, пропратни и потрошни делови и целокупната документација кои се   наоѓале во оригиналното пакување на производот.
** Согласно со правилата и условите за членство во програмата и прописите применливи во РМ.

СОБИРАЊЕ ПОЕНИ

Доволно е на наплатниот пулт да ја приложите NEPTUN HAPPY  картичката за да го евидентирате купувањето и да соберете NEPTUN HAPPY поени.
Членовите на Програмата стекнуваат право да добијат 2 % на поврат во вид на поени за секој 1,00 денар потрошен во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или преку интернет-страницата на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, www.neptun.mk за купувања производи што се квалификуваат за
стекнување поени. Поените ќе бидат евидентирани на сметката за членство во Програмата на датумот на купување на производот/ите, а ќе се сметаат за валидни на 16-тиот ден од датумот на купопродажната трансакција. Купопродажни трансакции што се квалификуваат за
стекнување поени се сите купувања, со исклучок на купувањето на НЕПТУН ПОДАРОК-ВАУЧЕРИ/КАРТИЧКИ и трансакциите реализирани со happy cobrand кредитната картичка.

ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ПОЕНИ

Поените ќе бидат евидентирани на вашата сметка најмногу за 24 часа од купувањето. Поените можете да ги искористите 15 дена по купувањето. Информација за бројот на собрани поени во Програмата можете да добиете во секое време во кое било продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или со најавување на нашата интернет страница со вашето корисничко име и лозинка.
Доколку од кои било причини одлучите да го вратите купениот производ, доделените поени од купопродажната трансакција ќе бидат сторнирани од вашата сметка.

КОРИСТЕЊЕ НА ПОЕНИ

За секои стекнати 400 поени членовите на Програмата добиваат право на вредносен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направенa сметка. За секој достигнат праг од реализирана продажба од 60.000,00 ден, членовите на Програмата добиваат право на дополнителен ваучер во износ од 400,00 денари што може да се искористи за купување на производи од асортиманот на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје или пак како попуст од вредноста на направената сметка. 
Вредносните ваучери по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА (www. neptun.mk), можат да се искористат за купување на производи по било која цена.
Вредносниот ваучер може да биде искористен само во периодот на неговата важност. Вредносните ваучери имаат рок на важност до 210 дена од датумот на издавање во зависност од нивото на членство во Програмата. (специфицирано во табелата од точка 8)
Со секое издавање вредносен ваучер се одземаат 400 поени од сметката на членот на Програмата, на датумот на издавањето на вредносниот ваучер.
Информација за издадените ваучери и за периодот на нивната важност членовите на Програмата добиваат по пат на е-пошта или по пат на СМСпорака на адресата на е-поштата, односно мобилниот телефонски број наведен на апликацијата за членство во Програмата.
Вредносниот ваучер не може да се претвори во пари, ниту може да има третман на каков било паричен депозит, со исклучок на можноста за отстапување.
Вредносните ваучери остануваат сопственост на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА до датумот на нивното искористување. Стекнатите вредносни ваучери преку уредно пополнета согласност од членот можат да бидат отстапени за сметка на СОС детско село

КОРИСТЕЊЕ НА ВАУЧЕРИ

Вредносните ваучери по правило, доколку тоа не е посебно истакнато на продажните места и на интернет страната на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА (www. neptun.mk), можат да се искористат за купување на производи по било која цена. Вредносните ваучери се валидни само во продажните места на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и за купување преку електронска продажба на www.NEPTUN.mk или мобилната апликација NEPTUN MAKEDONIJA. Вредносните ваучери не можат да се заменат за пари или други средства за плаќање. haPPy вредноснитe ваучери можат да се искористат за плаќање од вкупната вредност на производ/ите според фискална сметка.

НАПРЕДНО ЧЛЕНСТВО ВО ПРОГРАМАТА

1 Со купување производи во вкупна вредност од 70.000 денари во текот на една година членовите на Програмата стекнуваат право на NEPTUN HAPPY Comfort-членство во Програмата.
2 Статусот NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата ќе почне на 16-тиот ден од датумот на исполнувањето на условите за NEPTUN HAPPY Comfort-член на Програмата. Статусот на NEPTUN HAPPY Comfort-член во Програмата важи во период од една година од датумот на исполнувањето на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Comfort, членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 70.000 денари во текот на една а година од датумот на стекнувањето NEPTUN HAPPY Comfort членство во Програмата, а во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY. Со стекнување на правото на NEPTUN HAPPY Comfort-членство членот се здобива со промотивен Сomfort код со важност од 30 дена сметано од денот на промената на нивото на членство. Со Сomfort кодот Членот се стекнува со право на 3% поврат во поени за следна реализирана купопродажба.
Промотивниот Сomfort код се доделува на профилот на членот и се евидентира на неговата haPPy картичка, за што членот ќе биде известен по пат на е-маил и/или смс порака.
3 Со купување производи во вкупна вредност од 170.000 денари во текот на една година членовите на Програмата стекнуваат право на NEPTUN HAPPY Premium-членство во Програмата.
4 Статусот NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата ќе почне на 16-тиот ден од датумот на исполнувањето на условите за NEPTUN HAPPY Premium-член на Програмата. Статусот на NETUN HAPPY Premium-член во Програмата важи во период од една година од датумот на исполнувањето на условите. За да го задржи статусот NEPTUN HAPPY Premium, членот на Програмата треба да изврши купување во вкупна вредност од 170.000 денари во текот на една година од датумот на стекнувањето NEPTUN HAPPY Premium членство во Програмата, во спротивно статусот на членството ќе биде вратен во NEPTUN HAPPY Со стекнување на правото на NEPTUN HAPPY Premium-членство членот се здобива со промотивен Рremium код со важност од 30 дена сметано од денот на промена на нивото на членство. Со Рremium кодот Членот се стакнува со право на 4% поврат во поени на следна реализирана купопродажба. Промотивниот Рremium код се доделува на профилот на членот и се евидентира на неговата haPPy картичка, за што членот ќе биде известен по пат на е-маил и/или смс порака.

ЗАМЕНА НА КАРТИЧКА

Доколку ја изгубите вашата NEPTUN HAPPY картичка за лојалност или истата ви биде украдена, ве молиме истото веднаш да го пријавите на еден од контакт деталите наведени во правилата и условите за членство во Програмата или на било кое продажно место на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА. На ваше барање НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ќе ви издаде нова картичка за лојалност која ќе ги наследи сите права стекнати во Програмата. НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото да ги наплати трошоците за издавањето на новата картичка за лојалност.  

СТОРНИРАЊЕ НА ДОДЕЛЕНИТЕ ПОЕНИ И ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ

1 Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување биле доделени поени, тие ќе бидат сторнирани, односно ќе се третираат како невалидни.
2 Доколку во согласност со законските прописи членот на Програмата одлучи да врати производ за чие купување му бил одобрен попуст, врз основа на искористен вредносен ваучер, искористениот вредносен ваучер останува во важност сè до датумот на неговата важност, сметано од денот кога истиот е доделен т.е. стекнат.
3 Во случаите во кои врз основа на искористен вредносен ваучер бил одобрен попуст на повеќе од еден производ, при враќањето на дел од производите во согласност со законските прописи искористениот ваучер ја губи својата важност, односно станува невалиден во целост.
4 Доколку Членот не реализира купување на производи преку Програмата, односно не е активен во период од 1 (една) година сметано од последната трансакција, дотогаш стекнатите поени се сторнираат.

ОТКАЖУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВО

Членството во програмата можете да го откажете во кое било време со поднесување на апликација за откажување на членство во Програмата. Доколку во моментот на откажување на членството во Програмата на вашата сметка за членство во Програмата има помалку од 60,000 поени, истите ја губат својата важност.

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА го задржува правото повремено да објавува промотивни периоди во кои членството во програмата ќе биде бесплатно или ќе биде поврзано со купување на производи над одредена вредност на нашите продажни места. Со зачленувањето во Програмата вие добивате картичка за лојалност, која е ваше средство за идентификација за потребите на Програмата.

Повлекување на согласност за маркетинг, известување во електронска форма и профилирање

Барање за дополнување, измена и запирање на лични податоци

За повеќе информации обратете се на маил адресите:

data_protection@neptun.mk

happy@neptun.mk

Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate