Општи правила и услови

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, НЕПТУН ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.neptun.mk 24 часа во денот.

Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на НЕПТУН, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на НЕПТУН се од информативен карактер и за истите НЕПТУН го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.

Како резултат на специфичноста на медиумот “интернет“, доколку поинаку не е предвидено согласно позитивните прописи во Р. Северна Македонија, НЕПТУН не превзема одговорност за точноста и веродостојноста на објавените информации и документи.

Називот “НЕПТУН“ е трговски знак на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од НЕПТУН. НЕПТУН  ДОО Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак “НЕПТУН“.

Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната на НЕПТУН е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на НЕПТУН.

Нептун Ве информира дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени "cookies". Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.

Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, NEPTUN ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност. Повеќе информации за тоа што се "cookies" и какви типови има можете да најдете овде

Потребна ви е помош?
Контактирајте нѐ на
+389 (0)2 55 14 777
Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate