Покажете ги: вашата happy – картичка, доколку не сте haPPy – корисник аплицирајте во нашите продажни места, вашата лична карта и потврда за вработување и лични примања.
Пополнете ја апликацијата со продавачот и продуктот е Ваш.
Износ на кредитот :
Рок на отплата:
- Минимум: 3 месеци;
- Максимум: 60* месеци ;
*(стандардизирани рочности: 3, 6, 9, 12, 18, 24, 36, 48 месеци/рати);
*(До 60* месеци важи за сите категории освен за категориите Мобилни телефони и ИТ каде максимална рочност е до 48 рати);
Корисници:
- Физички лица-државјани на Република Македонија;
- Постоечки или нови членови на програмата за лојалност NEPTUN haPPy;
- Старосна граница од 18 до 72 години при доспевањето на последниот ануитет на кредитот;
- Минимум месечни нето приходи МКД 12.000. За пензионери минимум месечни нето приходи МКД 9.000;
- Вкупните месечни обврски по основ на рати за кредити не надминуваат повеќе од 40% за лицата кои имаат месечни нето примања до МКД 30.000,00, односно 50% за лицата кои имаат месечни нето примања над МКД 30.000,00;
- Максимално задоцнување во отплатата на доспеаните обврски по основ на рати за кредити и кредитни картички не подолго од 60 дена;
- Ограничувања при купување на мобилни телефони за лицата кои не се приматели на плата во НЛБ Банка АД Скопје:
- цената на мобилниот телефон не може да го надмине двојниот износ на месечни нето примања наведени во потврдата за вработување и лични примања заверена од работодавачот;
- да се поминати најмалку 180 дена од последното купување на мобилен телефон финансирано со haPPy кредит.
Потребни документи:
- haPPy – картичка;
- Лична карта;
- заверен извод од трансакциската сметка на клиентот од кој ќе се потврдат последни три исплатени плати/пензии (применливо само за лица на кои не се приматели на плата/пензија во НЛБ Банка АД Скопје);
- заверен извод од девизната сметка на клиентот на која се исплаќа странска пензија (применливо за лица приматели на странска пензија);
- потврда за вработување и лични примања или последен чек од пензија; (овде можете да ја симнете потврдата во PDF формат за печатење, за да симнете двојазична потврда за вработување, кликнете овде.)

Каматна стапка:
- 10%** годишно, променлива;
- 12,01% СВТ годишно пресметана на кредит од МКД 200.000,00 со рок на отплата на 5 години;
*Со можност за промотивни периоди кога ќе изнесува 0%
Обезбедување
- до МКД60.000 без обезбедување;
- над МКД60.000 со административна забрана на плата;
Провизија за администрирање на кредит:
- 3% провизија за администрирање на кредит, минимум МКД 700 (се наплатува еднократно при одобрување на кредитот);
*Со можност за промотивни периоди кога ќе изнесува 0%
Трошок за апликација МКД 300 (се наплатува пред приемот на барањето за кредит);
Кредитен посредник НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ, Кредитор НЛБ Банка АД Скопје. Кредитот е наменет исклучиво за членовите на Програмата за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ, NEPTUN haPPy. Одобрувањето се врши инстантно доколку клиентот ги има подготвено и доставено уредно сите потребни документи во продажните салони на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ.
Сите клиенти кои не примаат плата/пензија преку НЛБ Банка, имаат обврска за плаќање на 30 денари месечно на НЛБ банка, за одржување на трансакциона сметка.
ПРИМЕР:
За кредит од 200.000 денари со рок на отплата на 5 години, ратата изнесува 4.249 денари (СВТ изнесува 12,01%). Редовните административни трошоци изнесуваат 3% од одобрениот износ на кредитот, минимум 700 денари. Апликативните трошоци се наплаќаат еднократно и изнесуваат 300 денари. За начинот на отплата на кредитот, трошоците и за сите други информации информирајте се преку веб-страница и продажните салони на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ и веб-страницата и филијалите на НЛБ Банка АД Скопје.
Овде можете да го симнете формуларот со преддоговорни информации.
Износ на кредитот :
Рок на отплата:
- Минимум: 12 месеци;
- Максимум: 60* месеци ;
*(стандардизирани рочности: 12, 18, 24, 36, 48 месеци/рати);
*(До 60* месеци важи за сите категории освен за категориите Мобилни телефони и ИТ каде максимална рочност е до 48 рати);
Корисници:
- Физички лица-државјани на Република Македонија;
- Постоечки или нови членови на програмата за лојалност NEPTUN haPPy;
- На возраст од минимум 18г. и до максимум 70 години на краен рок на отплата на кредитот, освен за пензионери чија возраст не треба да надминува 72 години
- Вкупните месечни обврски по основ на рати за кредити не надминуваат повеќе од 50% од месечните нето примања;
- Баратели кои се приматели на плата од минимум 12.000 денари на трансакциска сметка во Банката или не се приматели на плата на трансакциска сметка во Банката, под услов да имаат било каква изложеност во друга банка;
- Пензионери кои примаат пензија на сметка во Банката од минимум 9.000,00 денари;
- Баратели во работен однос на неопределено време или определено време најмалку 6 месеци во конкретната фирма;
- Максимално задоцнување во отплатата на доспеаните обврски по основ на рати за кредити и кредитни картички не подолго од 30 дена;
- Ограничувања при купување на мобилни телефони за лицата кои не се приматели на плата во Комерцијална Банка АД Скопје:
- Вредноста на мобилниот телефон да не надминува 3 пати од висината на плата/пензија
- да се поминати најмалку 180 дена од последното купување на мобилен телефон финансирано со haPPy кредит
Потребни документи:
- haPPy – картичка;
- лична карта;
- Заверена потврда за вработување и лични примања или последен чек од (овде можете да ја симнете потврдата во PDF формат за печатење);
- Заверен извод од трансакциската сметка на клиентот од кој ќе се потврдат последни шест исплатени плати (применливо само за лица на кои не се приматели на плата во Комерцијална Банка АД Скопје);
- Заверен извод од трансакциската сметка на клиентот од кој ќе се потврдат последни три исплатени плати (применливо само за лица кои се приматели на плата во Комерцијална Банка АД Скопје, а се вработени на определно време);
- Заверен извод од девизната сметка на клиентот на која се исплаќа странска пензија (применливо за лица приматели на странска пензија);
Каматна стапка:
- 8,99%** годишно, променлива;
- 10,86% СВТ годишно пресметана на кредит од МКД 200.000,00 со рок на отплата на 5 години;
*Со можност за промотивни периоди кога ќе изнесува 0% ;
Обезбедување
- траен налог;
- административна забрана на плата;
- без жиранти;
Провизија за администрирање на кредит:
- 3% провизија за администрирање на кредит, минимум МКД 700 (се наплатува еднократно при одобрување на кредитот);
- Интеркаларна камата по каматна стапка од кредитот
Трошок за апликација МКД 300 (се наплатува пред приемот на барањето за кредит);
Кредитен посредник НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ, Кредитор Комерцијална банка. Кредитот е наменет исклучиво за членовите на Програмата за лојалност на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ, NEPTUN haPPy. Одобрувањето се врши инстантно доколку клиентот ги има подготвено и доставено уредно сите потребни документи во продажните салони на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ.
ПРИМЕР:
За кредит од 200.000 денари со рок на отплата на 5 години, ратата изнесува 4.150 денари (СВТ изнесува 10,86%). Редовните административни трошоци изнесуваат 3% од одобрениот износ на кредитот, минимум 700 денари. Апликативните трошоци се наплаќаат еднократно и изнесуваат 300 денари. За начинот на отплата на кредитот, трошоците и за сите други информации информирајте се преку веб-страница и продажните салони на НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ и веб-страницата и филијалите на Комерцијална банка.
Овде можете да го симнете формуларот со преддоговорни информации.