Соопштенија
news

🔗🤝 Нептун Македонија и Mane Foundation – Општествена одговорност

 16.01.2026

Нептун Македонија и Mane Foundation – Општествена одговорност  Нептун Македонија ја гради традицијата на активно и одговорно делување во заедницата во која работи. Во согласност и како надополнување на активностите на Mane Foundation, корпоративната општествена одговорност на Нептун е насочена кон создавање долгорочна вредност за општеството. Во текот на 2025 година, Нептун Македонија реализираше повеќе значајни проекти во соработка со Mane Foundation, со фокус на различни општествени области. Меѓу клучните активности се издвојуваат Gaming Event со фокус на ИТ и дигитална едукација на младите, поддршката на СОС Детско Село како дел од заложбите за социјална инклузија и грижа за ранливите категории, како и соработката со ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА преку БТЛ активности, насочени кон подигнување на свеста за правилно управување со електронски отпад и заштита на животната средина. Дополнително, преку отворањето на нови продавници на Нептун, компанијата придонесе за економски развој и подобрување на достапноста на современи технолошки решенија низ државата. Овие проекти се реализираат во тесна соработка со Mane Foundation (повеќе информации: https://manefoundation.org/our-activity/), со посебно внимание и поддршка од основачот на Mane Foundation и BALFIN Group, Самир Мане. Нептун Македонија е на вистинскиот пат кон унапредување на условите за живот и создавање позитивни промени, а нашиот ангажман во заедницата ќе продолжи и во наредните години.

Ви треба помош?
+389 (0)2 55 14 777
Neptun Logo
Certificate Certificate Certificate